Илија Матеничаров доби награда од ФФМ за фудбалски работник на годината

Два члена на Академија Пандев се закитија со индивидуални награди на изборот на најдобрите за сезоната 2016/2017 што го организираше Фудбалската федерација на Македонија.

Првотимецот Александар Мишов е прогласен за најдобар стрелец во младинскиот фудбал, а Илија Матеничаров за фудбалски работник на годината. Двајцата лично ги примија признанијата кои доаѓаат како шлаг на одличната година за нашиот клуб.

„Особена чест ми е што ја добивам награда, но морам да кажам дека таа не би била во мои раце ако не беше фудбалскиот проект на најдобриот македонски играч Горан Пандев. Благодарност до ФФМ, до сите спортисти, но најголема до Горан за се што дава за развојот на фудбалот во нашата држава, сам, од сопствени средства”, рече Матеничаров при примањето на наградата.

маркетинг


Select
Ознаки: ,