Христијан Мицкоски го посети храмот Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

Денеска на првиот ден од мандатот новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното завршување на Конгресот во Валандово го посети Храмот Св. Петнаесет во Струмица. Во храмот се поклони пред иконата Света Богородица брзопослушница која беше донесена минатата година од Света Гора. Иконата досега ја посетиле илјадници верници од регинот.  ,,Чудо да бидеш за нас” доби Благослов од струмичкиот свештеник при денешната посета на Свети Петнаесет Тиериополски Маченици.

,,Денеска се наоѓаме пред црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици. Се помоливме пред светата икона на Мајка Богородица Брзапослусничка. Побаравме мир и спокојство за самиот себе за самите нас за ѓраѓаните на Република Македонија. Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, некогаш знаат да бидат и погрешни,најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме за простување да посочуваме на грешките и истите да ги разбираме а од оние кои што грешат да се научат поуките и истите да не се повторуваат. Како народ на оваа држава ни е потребно помирување, толеранција и разбирање за сите останати. Јас денеска одлучив да го почнам мандатот како Претседател од ВМРО-ДПМНЕ од оваа свето место и да се помолам пред иконата на Богородица Брзопослусничка и да побарам спокојство за сите граѓаните на Република Македонија.” – изјави новиот  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: