(ФОТО) Груевски на забава во дискотека во друштво на УМС Струмица

По завршувањето на митингот на плоштадот во Струмица, започна журката на УМС. Младите веднаш по завршувањето на митингот го наполнија познатиот струмички клуб. На местото на забавата дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Младите со аплауз и скандирање го поздравија лидерот Никола Груевски, Претседателот на УМС Владимир Нелоски и претседателот на УМС СТРУМИЦА – Владимир Ристов.

Со младите на забава по митингот беа и кандидатот Марјан Бајтактаров и советниците од листата.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,