Грнчаров освои второ место на турнирот во Амстердам

Дарко Грнчаров го освои второто место на „Катенлан“ турнирот за јуниори во Амстердам, Холандија.

darko grncarov.jpg2

Струмичкиот тенисер беше сопрен во финалето од Џинс Клемент од Белгија со 2:0  во сетови во натпревар каде малку недостасуваше Грнчаров да се избори за трет сет и евентуален пресврт во своја полза.

Струмичанецот немаше среќа во тајбрејкот од вториот сет и го препушти мечот на далеку поискусниот и прв носител на турнирот Клемент кој се намачи да го скрши отпорот на македонскиот преставник.

Грнчаров го загуби првиот сет со 3:6, но беше далеку подобар во вториот сет, кој заврши  со резултат 6:7.

Грнчаров до среброто дојде во конкуренција на 32 јуниорски тенисери  од Европа  со 4 победи елиминирајки  далеку поискусни тенисери.

Овој турнир за струмичанецот беше можност да склучи договор за негово стипендирање и контуинирано учество на младински турнири а со тоа да стане и најмладиот македонец кој ќе котира на АТП листата.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , ,