ГРАЃАНИТЕ СЕ САМООРГАНИЗИРААТ: Организацијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица испратија хуманитарна помош во Македонски Брод!

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, во претходните два дена спроведоа успешна акција за собирање на хуманитарна помош во вид на храна и вода за жителите на опожарените села во околината на Македонски Брод.

Акцијата е спроведена самоиницијативно, а за само еден ден се собрани доволни количини на хуманитарна помош која веднаш е испратена кај оние на кои им е најпотребна.

Засега ова е единствена хуманитарна акција, организирана самоиницијативно за помош на настраданите од пожарите кои беснеат речиси 20 дена, а за кои владата на Р.Македонија сеуште нема решение.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,