Градоначалникот Јаневски подари прехранбени пакети на шест социјално загрозени семејства

Општина Струмица води континуирана грижа за социјално ранливите категории граѓани во рамките на своите надлежности и можности. Со цел да им ги разубави новогодишно-божиќните празници на шест социјално загрозени семејства во населените места Градско Балдовци, Куклиш и Муртино им подари прехранбени пакети и новогодишни пакетчиња за децата од тие семејства.

Семејствата ги посети и пакетите лично им ги врачи градочалникот Коста Јаневски. Им посака среќни празници и им порача дека помошта можеби е скромна, но желбата е голема и искрено се надева дека овие семејства во новата 2018 година ќе имаат подобар живот.

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,