Градоначалникот Јаневски го посети првороденото бебе во Новата година во струмичката болница

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, ноќеска го посети првото бебе родено на самиот почеток на Новата година во струмичката болница. Му подари штедна книшка со 20 илјади денари и му посака да биде живо и здраво, да расте големо, среќно и весело, да биде вреден граѓанин на Општината и од мало да се учи да штеди. Бебето е машко, втора рожба на Сања Христова од селото Дабиле. Градоначалникот Јаневски на мајката и посака многу здравје, лична и семејна среќа.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,