Горан Пашовски ја прекина пензијата и потпиша за Беласица

Искусниот Горaн Пашовски е нов голман на есенскиот првак во Втората лига – Исток, Беласица, дознава Gol.mk. Иако се пензионираше на почетокот од оваа сезона, битолчанецот ја прифати понудата на струмичкиот второлигаш и потпиша договор до крајот на сезоната.

37-годишниот Пашовски ќе биде замена за Ванче Манчевски, кој си замина од Струмица по завршувањето на есента. Битолчанецот наскоро ќе се приклучи на тренинзите на екипата и верува дека ќе ја исполни зацртаната цел, враќање во Првата лига.

И претходно Пашовски доби понуди за продолжување на кариерата, но оваа изгледаше најпривлечно и затоа ја прифати. Покрај Пелистер, голманот настапуваше во својата кариера и за Победа, Шкендија и Напредок.

маркетинг


Select
Ознаки: ,