Голем трансфер во ВМФЛ: Здравков потпиша за Беласица

Екипата на Беласица од Струмица драстично си ги зголеми шансите за влез во Првата македонска фудбалска лига, откако договори големо засилување, во Горан Здравков, искусниот фудбалер кој доаѓа од Штип.

Здравков беше главен адут на Брегалница во борбата за лидерското место во Втората лига – Исток, но реши да го напушти клубот од Штип. Наредна дестинација ќе му биде Струмица, каде ќе биде од голема помош во зацртувањето на целите.

Беласица е апсолутен лидер во ВМФЛ – Исток по есенскиот дел и има 30 бода по 13 одиграни кола, четири повеќе од второпласираниот Борец од Велес.

маркетинг


Select
Ознаки: ,