(ФОТОГАЛЕРИЈА) ВАСЕ НАКОВ – СТРУМИЧКИОТ РАКОМЕТЕН ТАЛЕНТ ЗА КОЈ ДОПРВА ЌЕ СЛУШНЕ СВЕТОТ!

Седумнаесет годишниот струмичанец Васе Наков, за кого сите велат дека е вонсериски талент „растура“ со својата игра како на клубско така и на државно ниво. Во РК ВАРДАР игра  десен бек, додека пак во македонската репрезентација до 19 години десно крило. Како што спомнавме на почетокот, тој е роден во Струмица и неговиот талент е забележан токму овде во РК СТРУМИЦА. Наков беше и најмладиот стрелец во СЕХА-ЛИГАТА додека настапуваше за струмичкиот клуб.
И покрај големата заинтересираност за овој талент на повеќе македонски и странски клубови, сепак Наков се одлучува за големиот РК ВАРДАР (младинска категорија). Васе во последниот период забележа исто така и одлични настапи во дресот на Македонската репрезентација до 19 години.
МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 27:27 ( ДВА ГОЛА, ЧЕТИРИ АСИСТЕНЦИИ)
ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА 34:32 (ЧЕТИРИ АСИСТЕНЦИИ)
ЧЕШКА-МАКЕДОНИЈА 36-28 (ДВА ГОЛА, ПЕТ АСИСТЕНЦИИ)
Ние се надеваме и веруваме дека во иднина светот ќе го види овој огромен талент кој допрва треба да блесне на ракометното небо. Браво за Васе, му посакуваме се најдобро!

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,