(ФОТОГАЛЕРИЈА) Талентираната струмичанка Спасова Марија со успех ја започна годината, со успех и ја завршува!

Марија Спасова ја започна годината со успех, така и ќе ја заврши. Талентираната средношколка од СОУУД „Димитар Влахов“- Струмица додаде уште една во долгата низа на награди, овојпат освојувајќи го првото место на конкурсот распишан од Општина Струмица и ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ – Струмица посветен на градот.

Спасова и нејзината менторка, Олга Хаџиева се натпреваруваа во категоријата за средношколци.

Инаку, во март годинава таа го објави својот прв роман „Магијата на Атафу“ за кого ја доби престижната награда од УНЕСКО и Фондација Македоника. Струмица Денес како нејзин вечен поддржувач на патот кон успехот, и’ посакува уште многу, многу вакви награди и остварување на секоја поставена цел.

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,