(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЉУПЧО КОЛЕВ ОДРЖА ТРИБИНА ВО ПРЕПОЛНАТА ПРОСТОРИЈА ВО ИЛОВИЦА

Вечерва во Иловица, кандидатот за градоначалник на општина Босилово Љупчо Колев, одржа трибина во преполната просторија во училиштето. На трибината беа присутни и дел од кандидатите за советници, Трајче Иванов од Иловица, Трајче Барбутов од Моноспитово, Цвета Ѓоргиева од Штука и Сања Гошева од Турново.

Најпрвин претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Тони Гражданлиев даде кратко видување за лошата политичка состојба во која се наоѓаме а потоа и јас имав свое излагање на истата тема. Презентирав и што имаме сработено во претходниот мандат како што е новиот слој асфалт на влезната улица, асфалтиранта улица до дуканот на Дончо, асфалтирање на дел од улица од раскрсницата кон шталата, партерно уредување на повеке места во селото, мал плоштад со паркинг кај домот на културата, изградба на училишна спортска сала, асфалтирана улица од црквата, покрај чешмата до излезот на селото, започнување со изградба на нова водоводна мрежа околу 4100 метри, реконструкција на школската зграда (промена на столарија и систем на парно греење), проширување на системот за наводнување итн

. Во новата програма за Иловица е планирано изработка на урбанистички план, изработка на проект за отпадни води, доизградба на водоводната мрежа со пумпна станица за притисок во горна маала, асфалтирање на улица во месноста Сирница, асфалтирање улица од продавницата ви Иловица до продавницата во Штука, асфалтирање на широката улица кај шталата и асфалтирање на други улици, доизградба и реконструкција на домот на култирата и други проекти.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,