(ФОТОГАЛЕРИЈА) Кандидатот за градоначалник на БОСИЛОВО Љупчо Колев во посета на Петралинци

Синоќа кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Босилово Љупчо Колев заедно со кандитите за советници, Родна Китанова Малинова и Илија Коцев го посетија населеното место Петралинци и ги презентираа проектите од новата програма како што се изградба на улицата од регионалниот пат до црквата, довршување на тротоарите покрај регионалниот пат, изградба на тротоари и од другата страна, асфалтирање на уште неколку улици итн. Колев исто така даде и отчет за досега сработеното, беше спомнато изграденото повекенаменско игралиште пред училиштето, реконструкцијата на училиштето, асфалтирањето и тампонирањето на улиците, изградбата на тротоарите, локалниот пат до Гечерлија.

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , ,