ФОТО: Првата и единствена зоолошка во Струмица

Постарите граѓани на Струмица со огромна љубов, носталгија и гордост се сеќаваат на Зоолошката градина во градот. На социјалните мрежи на интернет, може да се најдат една до две слики од Зоолошката градина, под кои има огромен број на коментари од струмичани.
Тие добро се сеќаваат на Суљо- мајмунот тогашна атракција, во деновите кога оделе на прошетка низ зоолошката градина. Коментираат и за рикањето на лавот, којшто се слушал дури до ридот, а неговиот глас најчесто се слушал околу 13:00 и 14:00 часот, времето кога родителите доаѓале од работа и се спремале за семеен ручек.
Зоолошката градина се наоѓала во паркот на зелени површини кај летната бавча, веднаш зад пензионерскиот дом. Исто така спомнуваат дека и скривницата, којашто се уште стои во паркот во Струмица била дом на мечките од зоолошката градина.
Постарите жители не можат да ја кажат точната дата кога престанала со работа Зоолошката градина, меѓутоа некои од нив велат дека тоа се случило во 1964 или 1965 година.

маркетинг


Select
Ознаки: ,