(ФОТО) Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во Струмица – Посета на Џонсон Контролс

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска е во посета на Струмица. – Посетата ја започна во една од најголемите владини странски инвестиции во регионот, фабриката на Џонсон Контролс. Во посетата на компанијата присуствува и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо со кого заедно направија проверка на работата и развојот на оваа инвестиција која треба да се прошири во уште еден објект како Гринфилд инвестиција. Мизо го информирал Груевски за интересот за инвестирање во регионот, за што веќе има заинтересирани компании. И двајцата на оваа средба констатираа дека и покрај политичката криза, и понатаму се посветува внимание на инестициите во земјава и отворањето на нови работни места.

Во текот на ова попладне Груевски чија посета е со набиена агенда, треба да продолжи на уште неколку локации во градот. Струмица Денес навремено ќе ве информира.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,