(ФОТО) НЕОФИЦИЈАЛНО: ПУКОТНИЦИ ГИ ВОЗНЕМИРИЈА СТРУМИЧАНИ-ЕДНО ЛИЦЕ РАНЕТО ВО ПРЕСТЕЛКА

Пукотници попладнево ги вознемирија жителите кои живеат во близина на градската капела во Струмица. Имено од засега неофицијални непотврдени информации се случила престелка околу 15:00 часот при што едно лице со прострелна рана во градниот кош веднаш е пренесено во медицинскиот центар во Струмица. Нашата екипа беше на лице место каде полициски екипи од СВР СТРУМИЦА не дозволуваат никаков пристап и се во исчекување на екипи од МВР во Скопје. Очевидците кои во тој момент се нашле на местото каде се случил немилиот настан не сакаа да коментират ништо. Тој дел од градот е блокиран за сообраќај и движење и е под силно полициско обезбедување. Причините за пукотниците засега не се познати ниту колку лица биле присутни и колку од нив имале огнено оружје. Во текот на денешниот или утрешниот ден ќе ве известиме со подетални информации!

ЗАБРАНЕТО ЗЕМАЊЕ ФОТОГРАФИИ И ИНФОРМАЦИИ БЕЗ ДОЗВОЛА ОД РЕДАКЦИЈАТА НА СТРУМИЦА ДЕНЕС.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,