Ели Панова е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и актуелен советник во Советот на Општина Струмица е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ.

,,Со големо задоволство ја споделуваме вестта дека м-р Ели Пaнoвa е избрана за член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ.Ова е уште една можност струмичaни да го остварат своето влијание во политиките на централно ниво и со тоа да земат активно учество во креирањето на конструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ за подобра и посигурна иднина на сите граѓани на Р. Македонија” – стои во објавата на страната на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ О.К Струмица.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, објави дека на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за формирање нов Извршен комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а таа повторно е избрана да го предводи новиот состав на Унијата на жените на партијата. Еве го состав на Извршен Комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ: Даниела Рангелова, Анастасија Илиеска, Бети Стаменковска Трајковска, Благица, Ласовска, Валентина Велјановска, Виолета Ковачевиќ, Елвира Ејупи, Елена Зарковска, Елизабета Тодоровска, Ели Панова
Емилија Александрова, Емилија Трајковска, Жаклина Пешевска, Јелена Жугиќ, Јованка Точко, Лилјана Затуроска, Лилјана Кузмановска, Марија Андоновска, Марија Апостолова Николовска, Нермин Телоска, Павлинка Честојнова, Светлана Карапетрова, Слободанка Алексовска, Снежана Трпевска, Сузана Мурџева,Христина Серафимовска.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,