ЕДНОГЛАСНО: ОПШТИНА НОВО СЕЛО ДЕФИНИТИВНО НA РЕФЕРЕНДУМ

ЗДРАВА КОТЛИНА:

Во духот на единството кое Иницијативата „СПАС за Струмичка Котлина – СТОП за рудникот на смртта во Иловица“ заедно со локалните самоуправи од струмичкиот регион го гради во интерес на граѓаните, Советот на Општина Ново Село денеска ја потврди својата претходна одлука за распишување референдум на локално ниво во врска со рудникот во Иловица.

Како и во случајот со Општина Босилово, денеска СИТЕ пратеници, и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, поднесоа заедничка иницијатива за распишување референдум и едногласно изгласаа референдумот да се одржи на 17.09.2017. На советниците и на првите луѓе на локална самоуправа на Општина Ново Село им честитаме за одговорната и далекусежна одлука, со која ја остваруваат својата основна функција – да бидат во служба пред се на граѓаните кои ги избрале.

Со оваа автономна одлука на советниците се манифестира автентична народна власт која има слух за повисоките цели и одговорности на локалната самоуправа, што резултираше со заедништво за клучен проблем на жителите на општината. Единството и исполнувањето на договорот дополнително не мотивира нас од Иницијативата да опстоиме на надпартиската и надполитичка позиција, кој гради доверба кај сите релевантни фактори, за што сме благодарни.

Изразуваме задоволство од успешно завршената процедура во оваа фаза со уверување дека принципиелната соработката на рамноправно ниво ќе продолжи и во наредниот период, со што на жителите на Општина Ново Село заедно ќе им го озвозможиме правото непосредно и директно на референдум да решаваат за горливо прашање кое ги засегнува нивните животи.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,