Сте ја слушнале ли приказната за струмичкиот Момин бунар?

Во источниот дел на Струмица се наоѓа срцевината на стариот дел од градот. А во неговата средина главна чаршиска точка за размена на муабети е бунарот длабок 11 метри наречен Момин бунар.

1

Одговорот за неговото име се крие во легендата според која тој бил изграден од некој Турчин во спомен на последната желба од неговата ќерка. Таа побарала нејзината облека да се продаде, а од парите да се изгради бунар. Момата починала, а таткото го исполнил нејзиниот аманет. Помладите се собирале на седенки и бендисување, баш како што си мечтаела младата мома.

2

Водата во бунарот се слива од 2 сливни подрачја, едното од нив е познато како Чука.

3

Благодарение на оваа сочувана фотографија може да се евоцира изгледот на овој дел од маалото со стариот бунар.

4

маркетинг


Select
Ознаки: , , , ,