Донесен Буџетот на општина Василево за 2018 година

Буџетот на општина Василево за наредната 2018 година, тежок вкупно 194 880 000 денари, беше донесен на денешната редовна седница на Советот на општина Василево.

Образложение даде предлагачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев. „Буџетот за оваа година е проектиран на околу 194 000 000 денари што е за околу 30 000 000 денари помалку од ланскиот буџет со цел да биде реален и остварлив. Тое е вкупниот Буџет, додека основниот Буџет е проектиран на  околу 112 000 000 денари. Овде спаѓаат средствата наменети за потребите на општинската админстрација, на Советот, на Градоначалникот и програмите кои треба да ги реализираме во текот на 2018 година а беа донесени на претходната седница.Блок дотациите за училиштата и градинките изнесуваат околу 65 000 000 денари. Во Буџетот имаме предвидено средства за враќање на рати за кредити и позајмици земени од претходната локална самоуправа“, рече во своето образложение градоначалникот Јанев, кој посебно потенцираше дека овој Буџет е развоен, реален и остварлив бидејќи е направен врз основа на потребите на граѓаните на општина Василево произлезени од разговорите со нив водени при посетите на населените места. „Особено внимание е обратено на инфраструктурните проекти бидејќи тие се приоритетни за општина Василево за 2018 година, нагласи градоначалникот притоа прецизирајќи дека во фокусот на наредната година ќе бидат реконструкциите на водоводните системи во сите населени места, реконструкција на улиците и патиштата како и  изградба на фекална канализациона мрежа во поголемите населени места со приоритет на населените места Градашорци, Ангелци и Василево.

Буџетот како и останатите предлози од дневниот ред беа донесени со мнозинството гласови на советниците од позицијата. Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ  ја напуштија седницата и не учествуваа во нејзината работа  со образложение дека тоа е во знак на протест за како што рекоа бесправно притворените пратеници и останати граѓани кои си ја сакаат татковината и најмалку од се се терористи.

На седницата, која е последна во оваа година беа усвоени и Предлог-одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2018 година како и Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2018 година,  Финансиските планови за 2018 година на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала; Финансискиот план на детската градинка „Прва радост“, Василево, Програмата за работа на ЈПКД„Турија“, Василево, како и неколку барања за финансиска поддршка на правни и физички лица.

маркетинг


Select
Ознаки: ,