Добивка од 2,2 милиони денари за Кланица со ладилник од Струмица во првото тримесечје

Кланица со ладилник од Струмица, во првото тримесечје од оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка од 2.266.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка во висина од 2.350.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од јануари до март оваа година, беа на ниво од 12.784.000 денари, додека истиот период лани достигнаа 16.126.000 денари.

Основна дејност на компанијата е колење и преработка на сите и крупен добиток.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,