Џамбо Агушеви на 7-то издание на Фестивал на дувачките оркестри – Пехчево 2017

Во Пехчево синоќа започна седмото издание на традиционалниот Фестивал на дувачките оркестри – Пехчево 2017. Концертите на познати балкански дувачки орекстри на првата вечер од Фестивалот ја проследија гоем број гости од Македонија и од соседна Бугарија.

На отворањето на фестивалот, градоначалникот Игор Поповски истакна дека Пехчево ја  продолжува оваа убава традиција која прераснува во бренд на  Источна Македонија, но и на цела држава, а трубите станаа синоним за Пехчево.

– Сакајќи да ја сочуваме традицијата на малешевските труби кои се составен декор од секоја слава и забава во овој наш крај, ние го изградивме овој фестивал за да ја сочуваме и афирмираме традицијата на малешевските труби, но и звукот на трубите од Пехчево, да одекне надалеку во светот. Повеќе од убеден сум дека ја остваруваме целта, и од година во година се развиваме и тоа и го докажуваме, истакна Поповски.

Тој додаде дека Фестивалот има уште една приоритетна цела, а тоа е промоција на Пехчево како атрактивна туристичка дестинација, но самото одржување на фестивалот има и голем придонес во локаланта економија.

– Овој фестивал со години го посетуваат десетици илјади гости. Очекувам така да биде и за време на овие три фестивалски вечери. Тоа многу значи за локалната економија, за развој на приватниот бизнис од областа на туризмот, а развојот на туризмот во овој дел од Малешевијата е нашата стратешка цел, истакна Поповски.

Проф. д-р Васил Ристов кој изминатите шест години беше член на жири-комисијата, истакна дека ова седмо издание на фестивалот има ревијален карактер и на сцената ќе настапат најдобрите дувачки оркестри од Балканот.

– Шест години имавме одлични оркестри. Успеавме да одржиме квалитет на фестивалот кој е неповторлив за пошироки балкански рамки. Секогаш првонаградениот и второнаградениот на овој фестивал ги испраќавме на Гуча во Србија, каде го потврдуваа квалитетот. Така, Џамбо Агушев во 2011 освои во Пехчево златна труба, а во 2012, Агушеви беа најдобар орекстар во светот. Во 2013 Демир Кантуровски освои златна труба во Пехчево, а 2014, Кантуровски беше прогласен за најдобар оркестар во светот. Очекувам овој фестивал и понатаму да се развива, бидејќи  е единствен фестивал во земјава каде дувачките оркестри од земјава имаат можносст да покажат што знаат и умеат, истакна Ристов.

Освен дувачките орекстри од Србија и Бугарија, синоќа концерт одржа и „Љубојна“, а вечер освен дувачки оркестри од Макеоднија и Србија, свој концерт ќе имаат и Наум Петрески и Зуица Лазова. Фетсивалот е во организација на општина Пехчево со поддршка на хотел „Гогов“.

маркетинг


Select