Дарко Грнчаров полуфиналист на турнир во Холандија

Младиот Дарко Грнчаров, обезбеди пласман мегу најдобрите четири тенисери на јуниорскиот турнир „Катенлан“ во Амстердам Холандија.

darko grncarov.jpg1

Откако ги помина првите две рунди,  во осминафиналето струмичкиот талент го елиминираше третиот носител на турнирот и го направи најголемото изненадување на ова напреварување.  Грнчаров  со  2:0 во сетови го совлада белгискиот преставник Вајс Ксандер со што обезбеди полуфинале каде силите ќе ги одмери со данецот Бенџамин Ханестад. Со пласманот во полуфиналето струмичанецот е на прагот да потпише договор за негово стипендирање.

На овој турнир учествуваат 32 тенисери од повеке европски држави а Грнчаров е единствен преставник од Македонија. Тој ги изненади сите во Холандија со пласманот во Топ четворката бидејки сите очекуваа негова елиминација во првата рунда.

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,