Честитајте го Божиќ со овие божиќни пораки

Божиќ несомнено е еден од најубавите христијански празници. Честитајте им го на вашите најблиски со збирка пораки подготовени од тимот на Струмица Денес:

„На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!“

„Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!“

„Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.“

„Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

„Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари…Сите да ве служи здравје, бадникова вечер да ви е наздравје.
Берикет и к’смет во куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува! Среќен Божиќ !“

„Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!“

„Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.“

„Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.“

маркетинг


Select
Ознаки: , ,