Цела Македонија пишува за младиот стратег од Струмица – Васко Атанасов кој е „хит“во Молдавија

Македонија за жал може да се пофали со мал број на кошаркарски тренери кои работат на интернационално ниво, а еден од нив е и не така познатиот млад стратег Васко Атанасов.

Перспективниот тренер Атанасов е вистинско изненадување со својот тим Адмиралс, со кого е на првото место во Првата лига на Молдавија по првиот, есенски дел од сезоната.

Притоа Адмиралс викендов настапи на Ф4 турнирот од националниот Куп, каде што Адмиралс несреќно во финишот тесно загуби од Баско. Дел од екипата на Адмиралс е уште еден Македонец, кошаркарот Александар Шајкаров, кој во минатото настапуваше за Струмица.

маркетинг


Select