EКСКЛУЗИВНО: Заработка од 20.000-50.000 денари за дистрибутери, за струмичкиот регион

Заработка од 20.000-50.000 за дистрибутери, за струмичкиот регион. Фирмата која постои и успешно работи од 2003 година во Струмица има потреба од луѓе кои поседуваат сопствено возило. Заради побрза достапност до купувачите фирмата има потреба од дистрибутери во Струмичкиот регион.‎ Услов за пријавување е -да поседувате сопствено возило -завршено ССС Заинтересираните своите апликации може ...

Во две мултимилионски трансакции продадени акции од струмичка „Нова стоковна куќа“

Во две блок трансакции вредни околу 13 милиони денари, денес на Македонската берза беа продадени 143 акции од „Нова стоковна куќа“ АД Струмица. Акциите се продадоа по цена од 92.250 денари за акција. ИЗВОР: ЕМАГАЗИН

Продолжува изведбата на водоводната и канализационата инфраструктура за станбените комплекси во поранешната касарна

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со поинтензивни активности на просторот на поранешната касарна каде што согласно новите урбанистички планови се градат повеќе станбени комплекси. Според Андреј Тошев, раководител на одделението за проектирање, надзор и контрола во ова јавно претпријатие, со тоа се наметна потребата од проширување на водоводната ...

Струмичкиот музеј наскоро со репрезентативна поставка

Со обновата, постојаната поставка добива поголем простор, нови 22 витрини, електрична инфраструктра, нов набљудувачки систем и нови сигурносни аларми. Струмичкиот завод и музеј наскоро ќе добие една од најрепрезентативните музејски поставки во државата. Со поддршка на Министерството за култура интензивно течат активностите за осовременување на комплексната постојана поставка ...

„Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат акцијата „За чиста струмичка пролет“

Од 21 март до 23 април јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и општина Струмица ја спроведуваат традиционалната акција за генерално чистење на градот и населените места, а која годинава се спроведува под мотото „За чиста струмичка пролет“. Според директорот на „Комуналец“, Зоран Горгиев, целта на акцијата која што се реализираше и во изминатите години е да се задржи ...

Плата до 40.000 денари: 9 слободни работни места во Струмица!

Нудиме 9 слободни работни места: 3 лица за напредок во менаџерско ниво, 4 асистент менаџери, 2 девојки за работа во телемаркетинг Надомест: -Плата 18.000 -Високи бонуси до 40.000 -Релаксирана работна атмосфера Вашата Професионална Биографија можете да ја доставите на следната e-mail адреса: info.career210@gmail.com со назнака за работното место. Контакт тел 079/246-584

Откупени над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196.82 денари

Заклучно со вчера, девет компании од 10 откупија над 25 милиони килограми тутун по просечна цена од 196,82 денари од реколтата за 2016 година. Согласно Законот за тутун, исплатени се 98 проценти, односно 4.873.724.751,49 денари, информираше денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Цветан Трипуновски. – Во текот на откупот немаше проблеми во целиот процес, ниту по квалитативните ...

Да се деблокира исплатата на субвенциите, бараат струмичките земјоделци

Деблокирање на исплатата на субвенциите, бараат струмичките земјоделци организирани во Регионалниот синдикат и Сојузот на земјоделци-регионален центар Струмица. Тие денеска на прес-конференција апелираа политичките партии да направат компромис околу исплатата на субвенциите зашто, како што нагласија, на земјоделците финасиската поддршка им е сега најпотребна, а и нема законска ...

Уште една недела рок за поднесување годишна даночна пријава во УЈП

Управата за јавни приходи потсетува дека истекува рокот за поднесување на Годишна даночна пријава. Граѓаните имаат уште една недела да посетат еден од шалтерите во даночните канцеларии на УЈП и да ја завршат оваа обврска. Шалтерите работата секој работен ден од 08.30 до 18 часот и сабота од 08.30 до 14 часот. Годишна даночна пријава може да се поднесе во регионалните дирекции во: Скопје, Битола, ...

Нова цена на горивата во Македонија

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалија во просек за 0,09%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се сменија, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 06.02.2017 година. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит. Малопродажната ...