Владо Илиевски: Ако дојдам на чело на МКФ, платата ќе ја донирам за прогрес на младите таленти!

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, кој е во трка за претседател на Македонската кошаркарска федерација, вели дека доколку дојде на функцијата претседател, ќе се откаже од својата плата. Во изјава за ,,Фокус’’ тој потенцира дека своите месечни примања од се срце ќе ги намени за помош на млади кошаркарски таленти. ,,Зад себе имам интернационална кошаркарска кариера и ...

ЕКСКЛУЗИВНО: Васко Атанасов е нов тренер на Струмица!

По шест одиграни кола се случи првата тренерска смена во најсилната македонска кошаркарска лига. Екипата на Струмица, која заедно со Шкупи се единствени два тима без триумф, се раздели со грчкиот стратег Власис Влаикидис. Предводникот Блаикидис си поднесе оставка, а управниот одбор на клубот истата ја прифати. Неговиот довчерашен помошник, Васко Атанасов, е именуван за негов наследник. ...

Власис Влаикидис поднесе оставка, Струмица останува без тренер

Власис Влаикидис повеќе не е тренер на струмичкиот прволигаш. По серијата од шест порази во низа во исто толку одиграни натпревари, Гркот одлучи да си поднесе оставка. „Како прв тренер на Струмица, по лошите резултати оваа сезона, чувствувам морална одговорност да поднесам оставка. Сакам да им се заблагодарам на играчите и моите соработници за изминатиот период. Посебено сакам да ...

СТРУМИЧАНИ ВО НОКДАУН: Хил сам им даде 45 поени!!!

Во дербито на дното од 6. коло во Првата лига, кошаркарите на Кожув славеа на гостувањето против Струмица Во игра со доста промени во играта, и резултатот, на крајот гевгеличани стигнаа до двата бода. Пред се по заслуга на неверојатниот шутерски ефект на Марк Хил, кој во струмички „Парк“ реализираше рекордни  за еден играч во овој дел од Првата лига, 45 поени. Струмица – Кожув  85:92 (22-28,28-19,19-22,16-23) Публиката ...

Владо Илиевски во трка за претседател на МКФ: Целосно ќе се вложам во подигање на кошаркарската атмосфера во Македонија!

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски ќе се кандидира за претседател на Македонската Кошаркарска Федерација, со која во моментот раководи Петар Наумоски. Според информациите до кои дојде ,,Фокус’’ Илиевски веќе добил поддршка од еминентни лица да се избори за новата функција и да придонесе со своето искуство и квалитет за враќањето на сјајот на македонската кошарка. Владо ...

Фени рутински ја совлада Струмица

Кошаркарите на Фени индустри очекувано ја совладаа Струмица на домашен терен со 81-63. Со доминантна игра во втората и во четвртата четвртина, кавадарчани создадоа убедлива предност. На полувремето Фени имаше водство од 40-31, а во вториот дел и го надгради за убедлив триумф. Горјан Марковски со 19 поени и Јане Петровски со 18 поени беа најефикасни во составот на Фени, додека кај струмичани ...

Струмичанецот Владо Илиевски ќе се кандидира за нов претседател на кошаркарската федерација!

Петар Наумоски ги одбројува последните месеци како прв човек на Македонската Кошаркарска Федерација, а негов наследник се очекува да биде Владо Илиевски, долгогодишниот македонски репрезентативец и стрелецот на најзначајните поени во историјата на нашиот национален тим, тројката за победа над Литванија на Евробаскет 2017. Извонредниот плејмејкер пред неколку месеци ја заврши професионалната ...

Струмичка капитулација и пред кумановци

Струмица го претрпе и четвртиот пораз во серија од стартот на сезоната, уште еднаш губејќи пред своите гледачи. Овојпат од Струмица како победници си заминаа кошаркарите на Куманово, кои лесно и убедливо триумфираа со 66-90. Гостите целоно доминираа од самиот почеток, уште во стартната четвртина ставајќи до знаење дека се решени да дојдат до цел плен во Струмица (9-22). Предноста на кумановци ...

Негативен старт на Струмица

Кошаркарите на Струмица забележаа пораз, и тоа убедлив во полуфиналето од турнирот во Пловдив. Подобра од нив беше екипата на Левски, и тоа за дури 20. поени (75:56). Во првата посериозна проверка, реновираниот тим на Струмица, предводен од тренерот Власис Влаикидс, беше во постојана резултатска негатива, која на полувремето беше и двоцифрена, (36:24). Најизедначен беше третиот период од играта ...

(ВИДЕО) Уште еден Американец во Струмица – Антонио Бишоп

Раководството на Струмица одлучи дека на тимот му е потребен уште еден странски коаркар, и уште еден со потекло од САД. Најново име во ростерот на тимот кој ќе го предводи Гркот Власис Влаикидис е Антонио Бишоп. Станува збор за еден млад Американец кој со своите 206 сантиметри ја покрива позицијата на силно крило. „Благословен сум што добивам шанса да заиграв во Европа, и тоа за екипата ...