Струмица по голема драма подобра од Пелистер

Во дуел за петтото место на табелата во Првата лига, составот на Струмица во рамките на 12. коло го искористи домашниот терен и по голема драма славеше над Пелистер со резултат од 66-64. Струмичани до победата дојдоа во второто полувреме, по пресврт, со оглед на тоа што клубот од Битола беше за нијанса подобар во првите 20 минути од играта, ако се земе предвид дека на паузата водеше со +2 (29-31). ...

Струмица во драматичен меч до гостинска победа над АВ Охрид

Кошаркарскиот клуб Струмица успеа да стигне до четвртата сезонска победа во Првата лига, и тоа на гостински терен, откако во рамките на 11. коло славеше над АВ Охрид со резултат од 60-64. Стартот на мечот во СЦ „Билјанини Извори“ не го наговестуваше конечниот исход, со оглед на тоа што домаќинот АВ Охрид воведниот период го доби убедливо со 20-9. Струмичани одиграа нешто подобро во вториот ...

Струмица бара спас во Здружението на Прволигаши

Прагот на толеранцијата на македонската куќа на кошарката за одложување на плаќањето на долговите на клубовите од Првата лига го достигна својот максимум. Па така, МКФ одлучи да им изрече суспензии на клубовите кои не ги исплатиле своите долгови, без разлика дали станува за котизација, казни или пак такси за лиценците за странските кошаркари во клубовите. Еден од четирите клубови ...

МКФ со „жолт картон“ за Струмица, нареден пат ќе следи исфрлање во Трета лига

Како што изгледа, проблемите во македонската кошарка немаат крај. По „војната“ со прволигашите, Македонската кошаркарска федерација (МКФ) повторно има проблем со одредени клубови, кои решија да не ги исплатат долговите кон Куќата на кошарката, за што добија суспензии и не ги одиграа своите натпревари во 10. коло од Првата лига. Откако вчера Куманово не го одигра својот натпревар против ...

Македонската Кошаркарска Федерација ja суспендираше Струмица

Македонската Кошаркарска Федерација суспендираше четири клубови поради неисплатени долгови. Суспендирани се екипите на Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи. Имено, останатите причини се неплатени котизации, како и неплатени лиценци за странски кошаркари за тековната сезона. Ако тимовите не ги платат долговите, македонската Куќа на кошарката може да го доведе во прашање нивното ...

Настев со деби како тренер на Струмица: Целта ни е опстанок

Пред почетокот на вториот дел од регуларниот тек на сезоната Струмица направи целосен ремонт во клубот. Како во раководството така и во ростерот. На местото на Златко Зетов застана Петар Настев кој синоќа дебитира со пораз во Првата кошаркарска лига на Македонија. Настев започна да работи со тимот пред неполна седмица, а поразот се должи на некомплетноста на тимот. Струмичани допрва ...

(ВИДЕО) Работнички ја декласираше Струмица

Екипата на Работнички славеше убедлива победа на домашен терен над Струмица во последниот меч од деветтото коло во Првата Лига на Македонија во кошарка. Работнички не му дозволи на противникот да парира во мечот кој се одигра во „Градски Парк“, па на резултатски план славеше со 104-64. Резултати по четвртини: 27-20 / 26-15 / 30-18 / 21-11. Маслинко и Ефремовски со по 18 коша беа предводници во домашниот ...

Работнички и Струмица го комплетираат 9.коло од Првата кошаркарска лига

Со натпреварот Работнички – Струмица (почеток 18 часот) вечерва во Скопје ќе се комплетира деветтата рунда од Првата македонска кошаркарска лига. Работнички е апсолутен фаворит на овој натпревар. Претходно, на другите три средби победи забележаа Фени Индустри, Кожув и Пелистер. Фени Индустри  беше убедлив на гостувањет кај АВ Охрид и славеше со 83:62. На дербито во Гевгелија, домашниот ...

Драстични промени во Струмица: Нов тренер, странците во „аут“, нов спортски директор

Во продолжението на сезоната во домашниот шампионат, Струмица ќе влезе со доста промени. Златко Зетов повеќе не е тренер на струмичани, неговото место ќе го превземе Перо Настев. „Зелено-белите“ имаат и нов спортски директор, станува збор за Власис Влаикидис, кој и во минатото беше дел од тимот на Струмица, во 2005 година беше тренерот кој на кошаркарска Струмиц аи ја донесе првата и ...

Цела Македонија пишува за младиот стратег од Струмица – Васко Атанасов кој е „хит“во Молдавија

Македонија за жал може да се пофали со мал број на кошаркарски тренери кои работат на интернационално ниво, а еден од нив е и не така познатиот млад стратег Васко Атанасов. Перспективниот тренер Атанасов е вистинско изненадување со својот тим Адмиралс, со кого е на првото место во Првата лига на Молдавија по првиот, есенски дел од сезоната. Притоа Адмиралс викендов настапи на Ф4 турнирот ...