Горан Пашовски ја прекина пензијата и потпиша за Беласица

Искусниот Горaн Пашовски е нов голман на есенскиот првак во Втората лига – Исток, Беласица, дознава Gol.mk. Иако се пензионираше на почетокот од оваа сезона, битолчанецот ја прифати понудата на струмичкиот второлигаш и потпиша договор до крајот на сезоната. 37-годишниот Пашовски ќе биде замена за Ванче Манчевски, кој си замина од Струмица по завршувањето на есента. Битолчанецот наскоро ...

Струмичани се вратија: Академија Пандев ги почна подготовките

Фудбалерите на Академија Пандев денеска точно напладне ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Панче Стојанов ја изврши прозивката, а потоа сите играчи одработија полесен тренинг како најава за она што следува во следните 40-тина дена до продолжението од првенството. Досега тимот се засили само со еден фудбалер и тоа Томислав Илиев. Според планот на подготовките, ...

Пандев во Интер е еден од десетте најзначајни зимски трансфери во Калчото

Новиот зимски преоден рок стартуваше и во Италија во исчекување се за новите трансфери со кои калчолигашките гиганти дополнително ќе се засилуваат во трката за титулата, трофејот во Купот, но и местата за Европа. Како што стартуваше преодниот рок, медиумите не пропуштија шанса да потсетат кои се десетте најзначајни зимски трансфери во историјата и место има за македонскиот ас – Горан ...

Дедо Мраз во ФК Беласица

Младинските категории на фудбалскиот клуб Беласица беа посетени од Дедо Мраз. На церемонијата во ресторант Космополит, сопственикот на клубот  Беласица  се погрижи младите фудбалери да добијат новогодишни пакетчиња.  

Академија Пандев ќе тестира против руски Енисеј, косовска Приштинa!

После одигрувањето на заостанатиот натпревар против Вардар, почна зимскиот одмор за фудбалерите на Академија Пандев. Есенската полусезона помина одлично, дури и над очекувањата, па логично е амбициите за продолжението да бидат уште повисоки. Во договор со фудбалерите, стручниот штаб на чело со тренерот Панче Стојанов го одреди планот за подготовки за пролетниот дел. Фудбалерите ...

„Пандевци“ ќе ја билдаат формата во Анталија, ќе одиграат седум контролни средби

Есенската полусезона помина одлично за новиот прволигаш Академија Пандев, па логично е амбициите за продолжението да бидат уште повисоки. „Пандевци“, кои ќе призимат на четвртата позиција во ПМФЛ, а ќе играат и во полуфиналето на националниот Куп, ќе бидат на одмор до 3 јануари, но тоа се однесува само на заедничките тренинзи. Дотогаш сите добија план и програма за индивидуална работа, ...

ГОРАН ПАНДЕВ МЕТА НА КРИТИКИ ЗАРАДИ ЧЕСТИТЕ ПРОМАШУВАЊА!

Екипата на Џенова со победа ги заврши домашните настапи во 2017 година, откако на домашен терен со минимални 1-0 го совлада „фенерџијата“ во Серија А, Беневенто. Момците на Балардини до новите три бода стигнаа во 92. минута, кога Лападула беше прецизен од пенал, но Џенова можеше многу поубедливо да слави, доколку нашиот Пандев реализираше барем една од неколкуте шанси, што ги имаше на овој ...

Академија Пандев во Анталија со силни руски, унгарски тестови!

  Екипата на Академија Пандев подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе ги започне на 3 јануари кога и завршува зимскиот распуст на фудбалерите. Според програмата на тренерот Панче Стојанов до 19 јануари ќе се работи во Струмица, а потоа се заминува во Анталија каде што ќе се остане до 4 февруари. Во турското монденско летувалиште ќе бидат одиграни силни контролни средби, а за ...

ФК БЕЛАСИЦА ПОВТОРНО НА ТУРНИР ВО ИТАЛИЈА

ФК Беласица втора година по ред ќе земе учество на реномираниот меѓународен турнир „Ravenna European Cup 2018“, во Равена, Италија, кој ќе се одржи од 28 април до 1 мај наредната година. На овој турнир ќе учествуваат фудбалери родени 2003 и 2004 година. Голема чест и задоволство за нас претставува што ќе бидеме единствен претставник од нашата земја, а од друга страна и обврска да постигнеме добри резултати. Поканата ...

Пандев ги носи италијанските гиганти Интер и Џенова на турнир во Струмица

Академија Пандев во 2018 година ќе организира голем младински турнир, кој ќе се одвива во две фази и на кој учество ќе земат дури 140 екипи и 2.800 млади фудбалери. Македонскиот клуб планира да создаде еден вид „фестивал на фудбалот“ на кој ќе учествуваат големи тимови од Европа, но и од соседството. Тимот на „пандевци“ е во преговори со италијанските гиганти Интер и Џенова да учествуваат ...