(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ ВАСИЛЕВО СО ОСТАР ДЕМАНТ ДО СДСМ: ДОДЕКА НИЕ РАБОТИМЕ ВИЕ СЕ БОГАТИТЕ!

Почитувани господа од СДС Додека вие клеветите, ние работиме, ветуваме и исполнуваме, имаме програма со прецизни рокови и истата ја презентираме на граѓаните. Нашата одлика е отчетноста за се што е ветено и сработено. Очигледно вашата кампања се заснова на клевети, манипулација со граѓаните, со што и ја закривате вашата неспособност и ароганција. време е да им кажете на граѓаните на ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Промоција на програмата на кандидатот за градоначалник Ванчо Стојанов и кандидатите за советници во советот на општина Василево

Синоќа со почеток во 20:00 часот во спортската сала во Василево беше промовирана програмата на кандидатот за градоначалник на општина Василево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ванчо Стојанов и кандидатите за советници во советот на општина Василево. Во продолжение погледнете ја целосната фотогалерија:

Улицата во Пиперево во завршна фаза

Реконструкцијата на улицата во с. Пиперево, која од центарот на селото води кон црквата Св. Ѓорѓи, е во завршна фаза. Моментално се работи на поставување на уличното осветлување односно канделабрите кои ќе бидат поставени по целата нејзина должина. Исто така во завршна фаза е и поставувањето на бекатон плочките на тротоарот. Станува збор за целосна реконструкција на улицата која освен ...

Ванчо Стојанов – Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Градоначалник на oпштина Василево

Ванчо Стојанов е кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Василево за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и од ВМРО-ДПМНЕ!

Марјан Јанев – Кандидат на СДСМ за Градоначалник на oпштина Василево

Марјан Јанев е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Василево  за претстојните локални избори кои ќе се одржат оваа година во Октомври. Информацијата е официјално потврдена и од СДСМ!

Објавен тендер за Изградба на Канализациона мрежа и пречистителна станица за с. Едрениково

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица” кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го имплементира во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините од сливот и други институции на локално, регионално ...

Општина Василево ги реализираше сите проекти предвидени во програмата и стана препознатлива индустриска зона

Благодарение на идеите на граѓаните кои беа вклопени во нашата програма на општина Василево беа реализирани низа и низа други проекти кои беа вистинска реална потреба на граѓаните, бидејќи ние вистински живеевме во една општина која имаше најмалку услови за живеење, а веќе станавме една општина која е бренд во Република Македонија, изјави градоначалникот на општина Василево Ванчо ...

Отчет на градоначалникот Стојанов за четиригодишната работа

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, преку медиумите, се обрати пред своите сограѓани и даде отчет за сработеното во изминатите четири години. Почитувани сограѓани! Реализацијата на секоја идеја, секој проект, секое ново дело е камче во мозаикот наречен Општина Василево – мозаик кој е резултат на максимални залагања, ангажирање на сите потенцијали, многу креативност ...

Општина Василево ќе соработува со три општини од ЕУ за користење на ЕУ фондовите

Општина Василево ќе добива директна помош од фондовите на  ЕУ откако градоначалникот на општината г-дин Ванчо Стојанов потпиша меморандум за соработка со општините  Корено Аусонио (Италија),  Струмјани (Бугарија)  и општина  Нехсар од Малта. Првите луѓе на овие општини учествуваа на форумот ,,Европа за општините“ организиран од претседателот на  европскиот парламент Антонио Тајани ...

Започна изградбата на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала

Започнаа градежните активности за реализација на уште еден проект од општина Василево, проект кој беше ветен за граѓаните на општина Василево, односно за граѓаните на населено место Чанаклија“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов на денешниот официјален старт на градежните активности на локалниот пат Чанаклија – Нова Маала. Во оваа фаза ќе биде асфалтиран ...