Градоначалник на општина Василево во посета на општина Кајтардере од Р.Турција

Градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев во текот на претходната недела беше во тридневна посета на Р.Турција, каде оствари средби со свои колеги од неколку општини, меѓу  кои и со градоначалникот на општина Кајтардере со која е можна идна соработка и збратимување со општина Василево. „Тоа беше едно ново и огромно искуство за мене како нов градоначалник и почеток на ново ...

Прекината шестата седница на Советот на општина Василево

Шестата седница на Советот на општина Василево закажана за денес во 12,00 часот беше прекината уште на самиот почеток пред усвојувањето на дневниот ред.  Причина беше неусогласувањето на ставовите на советничките групи околу дополнувањето на дневниот ред со нова точка со која  се предлага престанок на мандат на член на Советот и верификување на мандат на член на Советот од редовите ...

Помош за семејството Ристови од Дукатино од општина Василево

Денес, локалната самоуправа од Василево достави помош на семејството Ристови од с. Дукатино, чија куќа целосно беше уништена  во пожарот што ја зафати во саботата вечер. Како што вети градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој непосредно по несреќата го посети семејството Ристови, општината денес им достави пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства неопходни ...

Донесен Буџетот на општина Василево за 2018 година

Буџетот на општина Василево за наредната 2018 година, тежок вкупно 194 880 000 денари, беше донесен на денешната редовна седница на Советот на општина Василево. Образложение даде предлагачот, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев. „Буџетот за оваа година е проектиран на околу 194 000 000 денари што е за околу 30 000 000 денари помалку од ланскиот буџет со цел да биде реален и остварлив. ...

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево

Градоначалникот  на општина Василево Марјан Јанев по повод Новогодишно – Божиќните празници од свое име и од име на општина Василево им се обрати на своите сограѓани честитајќи им ги престојните празници и посакувајќи им здравје,  среќа  и успех во Новата 2018 година. „Во деновите кога ја испраќаме Старата и се подготвуваме за предизвиците што со себе ги носи  Новата година, сакам ...

Со свечена седница на Советот, општина Василево го одбележа 16-ти Декември – денот на своето основање и 21 година постоење и развој.

  Свои обраќања имаа претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев и градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев. Градоначалникот Марјан Јанев изрази целосна подготвеност да се соочи со сите предизвици што ги носи градоначалничката функција и покрај долгот од 70. 000.000,00 денари што го наследи од својот претходник Ванчо Стојанов. Гости на свечената седница беа и градоначалниците ...

Започна пријавувањето за Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал, Василево 2017-2018

Започна пријавувањето за Новогодишно-божиќниот турнир во мал фудбал, што по повод Новогодишно-Божиќните празници ќе се одржи во Василево. Пријавувањето ќе трае до 16.12.2017 година до 16,00 часот. Ждребувањето ќе се одржи истиот ден во 17,00 часот во просториите на спортската сала во Василево. Котизацијата за учество е 5000 денари за сениори и 3000 денари за кадети. Според правилата за учество, ...

Закажана 3-та Седница на Советот на општина Василево

На 05.12.2017 година, вторник, со почеток во 12,30 часот, Советот на општина Василево ќе ја одржи 3-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред: Измени и дополнување на Годишната програма за работа на ООУ„Гоце Делчев“, Василево. Извештај за работата на ОИК Василево за рализација на локалните избори 2017 година за период од 23.08.2017 до 15.10.2017 година. Финансиски извештај за ...

Доделени уверенијата за нов градоначалник и членови на Советот на општина Василево

Марјан Јанев, кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, денес ја презеде функцијата градоначалник на општина Василево. На чинот на примопредавање градоначалникот Марјан Јанев изјави: „Најпрво сакам да изразам голема благодарност на сите граѓани на општина Василево кои излегоа на гласање, го остварија своето право на глас со што овозможија да се случат промените ...

Погледнете кои се новите членови во Советот општина Василево

1. Крсте Панев – СДСМ 2. Сања Стојанова – ВМРО-ДПМНЕ 3. Фанче Томова – СДСМ 4. Наце Коцев – ВМРО-ДПМНЕ 5. Блаже Коцев – СДСМ 6. Сања Христова – ВМРО-ДПМНЕ 7. Неџат Меминов – СДСМ 8. Виолета Ристова – ВМРО-ДПМНЕ 9. Сандра Илева – СДСМ 10. Бранко Трајков – ВМРО-ДПМНЕ 11. Наташа Велкова – СДСМ 12. Марјанчо Трајков – ВМРО-ДПМНЕ 13. Костадинка Печеникова – СДСМ 14. Ракип Асанов – ВМРО-ДПМНЕ 15. Илми Мустафов ...