Граѓаните доставиле 70 пријави за штети од јануарските снежни врнежи

Од објавувањето на повикот пред десет дена, па до денеска, до Комисијата за утврдување и проценка на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица се доставени 70 пријави од граѓани кои претрпеле штети од снежните врнежи во јануари. Најголем дел од пријавите, односно, 52 се од населеното место Куклиш, а останатите од други населени места. Според Ацо Ѓоргиев претседател на ...

Понеделник – отворен ден со Комисијата за еднакви можности

Центарот на заедницата на општина Струмица во рамките на својот годишен план за 2017 година ќе ја спроведе активноста „Отворени денови со советниците од одделните комисии на Советот на општина Струмица“, и тоа со Комисијата за еднакви можности. Настанот ќе се одржи на 13 февруари 2017 година (понеделник) во канцеларијата на Центарот на заедницата на општина Струмица (Дом на АРМ) со почеток ...

Во 2016 година висок процент на наплата на даноци и такси

Во 2016 година од даноци и такси, општина Струмица остварила вкупен приход од 84.127.021,00 денари што е за 2,92 проценти помалку во однос на 2015 година. Од даноци (данок на имот, данок на промет на недвижност и данок на наследство и подарок) се остварени вкупно 74.165.490,00 денари, а останатите 9.961.531,00 денари од наплатата на такси (фирмарина и други комунални такси). Според Душко Василев, раководител ...

Започна увидот за проценка на штети во општина Струмица

Комисијта за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, постапувајќи по барањата од граѓани кои пријавиле штета од јануарските снежни врнежи, денес беше на увид во селото Куклиш. Според информацијата што ја добивме од претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, денешниот увид покажал дка најголемиот број пријави се однесуваат на штети на оранжерии ...

Во тек е пријавувањето за учество на интернационалната карневалска поворка која ќе се одржи на 25 февруари

Карневалските празнувања во Струмица оваа година ќе се одржат од 22 февруари и ќе започнат со детскиот маскенбал, а ќе завршат на први март со традиционалните обичаи по повод празникот Тримери. Главната интернационална карневалска вечер ќе се одржи на 25 февруари. Организациониот одбор веќе го објави повикот за пријавување за учество на интернационалната карневалска поворка . Пријавите ...

Проектот за еколошко новинарство промовиран во Струмица

Граѓаните на Струмица и на Југоисточниот регион имаа можност да се запознаат со проектот за развој на еколошко истражувачко новинарство што го спроведува Центарот за еколошка демократија Флорозон во соработка со здружението Сумнал, со поддршка на ЕУ. Во гостувањето на дебатна емисија на струмичкиот телеканал А1, првиот човек на Флорозон Кирил Ристовски ги објасни целите и задачите ...

Наредните денови ќе почне изградбата на новата социјална зграда во Струмица

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор деновиве ќе ја започне изградбата на нова социјална зграда за лица во социјален ризик во Струмица. Според раководителот Александар Маџаров, во зградата ќе има 41 стан со квадратура од 44 до 48 квадратни метри. – Сите станови ќе имаат речиси иста квадратура и распоред. Станари може да бидат лица во социјален ризик. За ...

Се отстрануваат и последните остатоци од снегот на плоштадот „Гоце Делчев“

Екипа на работната единица „Чистота“ на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска работи на плоштадот „Гоце Делчев“. Иако досега во повеќе наврати и рачно и машински се чистеше снегот, со покачувањето на температурата и омекнувањето на замрзнатите остатоци од него, сега се врши целосно отстранување на остатоците од снегот. Во деталното чистење на плоштадот ...

Граѓаните на општина Струмица да пријават штети од снежните врнежи

Комисијата за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, ги известува жителите кои претрпеле штети од снежните врнежи да ги пријават. На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, рече дека досега имале жалби од граѓаните, затоа сега повикуваат на итно пријавување на евентуални последици од снегот. – Ги повикуваме ...

Димитар Џорлев од ООУ „Видое Подгорец“ освои бронзен медал на меѓународен математички натпревар

На Факултетот за електротехника и информатички технологии во Скопје паралелно со другите европски земји се одржа престижниот меѓународен математички натпревар Европски математички куп (ЕМЦ хостиран на престижната математичка страна “artofproblemsolving.com“). Натпреварот се одржа во две категории сениори и јуниори до 17 години. Изборот на учениците беше извршен од единствените ранг ...