(ФОТОГАЛЕРИЈА) Граѓаните на општина Ново Село кажаа „НЕ“ на уништувањето на унитарноста на Македонија

Граѓани на општина Ново Село  вечерва со мирен протестен марш кажаа „НЕ“ на уништувањето на унитарноста на Македонија. Учесниците на протестот порачаа дека нема простор за разнебитување на државата и дека се против воведување двојазичност. Поради актуелната политичка криза, тие побараа веднаш да се спроведат и предвремени парламентарни избори и што побрзо да се распишат локалните ...

Општина Василево објави повик за изградба на две улици

Локалната самоуправа Василево објави отворен повик за прибирање понуди за реализација на два проекти: Изградба на локална улица во н.м Нова Маала и Реконструкција на улица во н.м Пиперево.  Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури   за национално јавно наддавање како што е специфицирано во упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA кредити, ...

Општина Василево и „Жикол“ потпишаа договор за четири проекти

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов и градежната компанија „Жикол“ потпишаа договор за реализација на градежни активности во износ од околу 2 200 000 денари. Договорот опфаќа асфалтирање на една улица во населеното место  Ангелци чија должина изнесува 240 метри, асфалтрање на две улици во населеното место Висока Маала со должина од 170 и 85 метри, како и порамнување ...

Со прекрасниот концерт на „Тримери“ завршија карневалските празнувања во Струмица

Со концертот на ансамблот „Тримери“ кој што се одржа синоќа во големата сала во домот на АРМ, заврши богатата програма на струмичкиот карневал 2017. Салата беше преполна со луѓе кои уживаа во прекрасниот настап на членовите на овој ансамбл кои ги испочитуваа и тримерските обичаи. На концертот на ансамблот „Тримери“ присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф ...

Промовиран Водич низ услугите и постапките на општина Струмица

Во салата на Советот на општина Струмица, денеска, беше промовиран Водич низ услугите и постапките на општина Струмица. Овој Водич се реализираше како последна активност на Центарот на заедницата на општина Струмица за 2016 година, а беше изработен со цел полесно снаоѓање низ администрацијата на општина Струмица и разбирање на општинските услуги, како и намалување на бирократските ...

Во денешната акција заловени се десет кучиња скитници

Денеска беше спроведена третата акција на заловување на кучиња скитници во општина Струмица во која беа заловени 10 кучиња, а кои согласно Законот за заштита и благосостојба на животните, истите ќе бидат хумано третирани. Заловувањето го врши АД ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кое согласно тендерската постапка општина Струмица склучи договор за заловување ...

Крводарителска акција во Ново Село

Во Дом на култура „Јане Сандански“ – Ново Село се одржа крводарителска акција. На повикот на организаторите на крводарителската акција одговорија околу 40 хумани граѓани од општината. Благодарение на хуманиот гест на секој од дарителите општина Ново Село успешно ја одржува оваа традиција.

Општина Василево распиша тендери за проекти вредни 10 500 000 денари

Општина Василево деновиве распиша неколку тендери за проекти вредни 10 500 000 денари.  Со средства обезбедени од општинскиот буџет ќе се реализираат следниве проекти: реконструкција на поранешниот Дом на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, асфалтирање на две улици во населеното место Висока Маала како и рамнење и подготовка на терен за изградба на игралиште ...

Библиотеката ги додели наградите по конкурсот на тема Карневал

Денеска во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ беа доделени наградите по распишаниот конкурс на тема „Карневал“. Според директорката Тања Гошева, во библиотеката пристигнале вкупно 109 литературни творби. Во категоријата ученици од основните училишта од 1-5 одделение 46 творби, во категоријата ученици од основните училишта од 6-9 одделение 30 творби, во категоријата ученици од средните ...