Потпишан договор за реконструкција на детската градинка „Сонце“ во Ново Село

Градоначалникот на Општина Ново Село г-дин Блажо Велков потпиша договор со управителот на фирмата ДГИМТ „Анол – Импекс“ ДООЕЛ Скопје г-дин Звонко Костовски за реконструкција на Детска Градинка „Сонце“ Ново Село како дел од проектот „Енергетска ефикасност во насока на постигнување на подобра средина во детските градинки“ во рамките на Програмата Интеррег – ИПА за прекугранична ...

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Граѓаните на општина Ново Село кажаа „НЕ“ на уништувањето на унитарноста на Македонија

Граѓани на општина Ново Село  вечерва со мирен протестен марш кажаа „НЕ“ на уништувањето на унитарноста на Македонија. Учесниците на протестот порачаа дека нема простор за разнебитување на државата и дека се против воведување двојазичност. Поради актуелната политичка криза, тие побараа веднаш да се спроведат и предвремени парламентарни избори и што побрзо да се распишат локалните ...

Крводарителска акција во Ново Село

Во Дом на култура „Јане Сандански“ – Ново Село се одржа крводарителска акција. На повикот на организаторите на крводарителската акција одговорија околу 40 хумани граѓани од општината. Благодарение на хуманиот гест на секој од дарителите општина Ново Село успешно ја одржува оваа традиција.

Изградба на мост на ” Колешински канал”

Продолжува изградбата на мостот на “Колешински ” канал на патот Колешино – општина Ново Село и Бориево – општина Босилово.Вкупната вредност за изградба на мостот е 12 милиони денари од кои општина Ново Село 8 милиони денари ги обезбеди преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион а преку Министерството за локална самоуправа, 3 милиони денари од Буџетот на општина ...

Градоначалникот на општина Ново Село – Блажо Велков

Почитувани … Општина Ново Село во изминатите години неуморно работи на креирањето на нејзиниот нов лик.Реализиравме голем број на проекти кои се однесуваат на земјоделството, образованието, социјалната политика а голем акцент беше ставен на подобрувањето на патната инфраструктура и решавањето на комуналните прашања. Општинската администрација својот мандат го започна од позиција ...

Масовно иселување на младите – селото Смолари некогаш со 659, сега со само 250 жители

Во селото Смолари во општина Ново Село-Струмица, некогаш живееле 659 жители, а сега само селото брои само 250. Оние кои останале, велат дека како одминува времето, се поголем број на куќи остануваат празни. Велат, главната причина поради која младите заминуваат од родното место се невработеноста и недостаток на перспектива за нормален живот, објави ТВ 21. Драстичното намалување на бројот ...

Фатени двајца бугарски државјани со фалсификувани евра во Ново Село

Во полициска станица за граничен премин „Ново Село“, вчера во 19:00 часот поради постоење сомнение за сторено кривично дело „пуштање во промет фалсификувани пари“, од слобода се лишени И.Д.Г. (18) и А.И.Т. (19), двајцата од Петрич, соседна Република Бугарија. Истите се лишени од слобода по претходна пријава од вработен во бензинска пумпа во село Ново Село, кој пријавил дека двете лица му платиле ...

Кристијан Ќосев го фати крстот во Ново Село

Денес во присуство на голем број на граѓани во осветените води од страна на отец Зоран Брндевски на браната Новоселка се фрли светиот крст. Крстот оваа година го фати Кристијан Ќосев.

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Ново Село-Блажо Велков

Почитувани граѓани на општина Ново Село …! Почитувани браќа и сестри! Изминува уште една година,година исполнета со многу реализирани проекти и активности кои секој граѓанин на општина Ново Село ќе ги вреднува на свој начин онака како што самиот тој цени и размислува. Сите тие активности се очигледни и видливи за секој од нас. Велат дека убавината не е во онаа што го гледаме туку ...

Новогодишни пакетчиња за најмладите во општина Ново Село

На крајот од секоја година по повод одбележувањето на новогодишните празници градоначалникот на Општина Ново Село, г-дин Блажо Велков ги посети децата од детската градинка Сонце, ПОУ Св. Климент Охридски, ОУ Мануш Турновски и ОУ Видое Подгорец во Општина Ново Село им подари новогодишни празнични пакетчиња со желби за многу здравје и успех во новата година.