Чистење на речното корито на река Струмица

Во рамките на Програмата на Европска Унија за санирање на штетите од поплавите имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) предвидено е чистење на коритото на реката Струмица од вегетација и наноси во должина од 24 км и 240.000 м3, геодетско снимање на речното корито, реконструкција на оштетените земјени насипи и регулирање на речното корито со санирање на насипи. Активностите ...

Изградба на мост на река Турија

Претставници на МСИП Проектната единица при Министерството за финансии на РМ денес беа во посета на општина Босилово. Од страна на градоначалникот на општина Босилово гостите беа запознати со текот на изградбата на мостот на река Турија на локалниот пат Босилово – Радово како и пристапниот пат до него. Грант средствата за овој проект се обезбедени од страна на Европската Унија ...

Приклучување на новата водоводна мрежа во Моноспитово

Се зголемува бројот на домаќинствата од с. Моноспитово кои се приклучуваат на новата водоводна мрежа. Веќе има евидентирано колу 150 домаќинства кои вода за пиење ќе користат од новиот водовод. После целосното приклучување – стариот водоводен систем ќе биде исклучен од натамошна употреба.

Изградба на тротоари во Петралинци

Во тек е изградбата на тротоари во населеното место Петралинци. Вкупната површина која ке биде уредена со певер елементи изнесува 1863м2. Со реализацијата на овој проект се зголемува и безбедноста во сообраќајот особено кај пешаците.

Концесионерот на рудникот за бакар и злато Иловица, компанијата Еуромакс ресурси, ќе ја финансира изградбата на новиот водовод во селата Иловица и Штука.

Концесионерот на рудникот за бакар и злато Иловица, компанијата Еуромакс ресурси, ќе ја финансира изградбата на новиот водовод во селата Иловица и Штука. Со реализација на овој проект старата водоводна мрежа во населените места ќе биде комплетно обновена со што околу 700 домаќинства ќе добијат можност за многу поквалитетно водоснабдување.Проектот се реализира во соработка со Општина ...

Објавен тендер за изработка на проектна документација за пречистителни станици и канализации во сливот на река Струмица

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица” кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го имплементира во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, општините од сливот и други институции на локално, регионално ...

„Огражден” е првото енергетски ефикасно јавно претпријатие во државава

Јавното претпријатие за комунални дејности „Огражден” од Босилово ќе биде првото во регионот и едно од десетте во државата кои самоиницијативно се вклучуваат во кампањата ЕКОС – развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство. Станува збор за кампања со која ќе бидат опфатени десет претпријатија од целата територија на државата кои на јавен повик изразиле подготвеност ...

EКОС – „Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство“

Градоначалникот одржа состанок со г-ѓа Јасминка Димитрова Капац машински инжинер, г-ца Викторија Поповска од здружението МАЦЕФ (Македонски центар за енергетска ефикасност) и г-дин Горги Павловски електро инжинер како надворешен консултант. На состанокот беше представен проектот –ЕКОС- односно кампања за штедење на енергијата, енергетска ефикасност на компаниите во Македонија. Проектот ...

Владиката Стојанов го благослови социјалниот центар во Сарај

Во понеделникот на 10 октомври 2016 година Н.В.П. д-р Киро Стојанов го благослови камен темелникот на пасторално социјалниот центар во Сарај. Благословот беше извршен во присуство на верници од Сарај, свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, а присустуваше и градоначалникот на општина Босилово г-дин Љупчо Колев. Пасторално социјалниот центар во Сарај ќе се гради во дворот на ...

Централно греење во ООУ “Кирил и Методиј” с.Иловица

Старите ќумбиња и печки се веќе минато за учениците, наставниот и техничкиот персонал во ООУ “Кирил и Методиј” с.Иловица. Градоначалникот на општина Босилово го посети основното училиште и во разговор со директорот на училиштето беше информиран за новиот централен систем за загревање на училишната зграда кој како проект се спроведува од страна на Министерството за образование ...