Најмалку дожд наврна во Струмица

Најмногу дожд до 8 часот утринава наврнал во Битола околу 26 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, Гевгелија, Берово и Пожар само еден литар на метар квадратен. Според информацијата на Управата за хидрометеролошки работи, во Претор наврнале 20 литри на метар квадратен, во Лазарополе и Маврово 13, Прилеп и Крушево 11, Охрид 10, Тополчани, 9, Дебар и Ѓуриште 7, Пожаране и во Скопје ...

Романтичарот Петар Грашо вечерва на големата Опен Фест сцена

Големиот романтичар и заводник, омилен кај понежниот, но и кај посилниот пол, Петар Грашо вечерва ќе го видиме на големата сцена на Опен фестивал. Хитовите кои ја одбележаа неговaта кариера, овојпат струмичани и сите гости ќе ги пеат во еден глас. Да се потсетиме на неговите хитови:

Romeo Blanco ќе го затвори овогодинешниот Опен Фестивал

Овогодинешниот Струмица ОПЕН фестивал вечерва ќе го затвори Младиот Белгиец Romeo Blanco – ѕвезда на Tomorrowland. Romeo Blanco е препознатлив по своите впечатливи и енергични настапи низ цел свет. Тој доаѓа на Балканот за првпат и тоа токму на Струмица ОПЕН фестивал.

Трајче Ѓоргиев повторно блесна на ОПЕН Фест

Трајче Ѓоргиев и вечерва блесна струмичката сцена. Трајче и официјално ги отвори трите главни вечери од овој фестивал. Неговиот настап ги загреа струмичани за големите и звучни имиња кои ќе настапуваат во најубавите три дена од ова лето. Младешкиот дух донесе енергија и ведрина меѓу струмичани. Публиката и вечерва уживаше и пееше заедно со Трајче.

Млади струмички таленти на големата ОПЕН Фест сцена!

Младите струмички таленти од СОУ „Јане Сандански“ му даваат специјален шмек на Струмица Опен Фестивалот. Вечерва Ивана Гушева, Ангела Илиева, Слободанка Гражданлиева, Ана Цамбулева и Магдалена Стојанова настапуваат во 21:00 часот на големата ОПЕН фест сцена. Бидете дел од забавата.

Данијела Мартиновиќ доаѓа во Струмица!

Познатата хрватска пејачка Данијела Мартиновиќ вечерва ќе настапи на големата Опенфестовска сцена. Данијела Мартиновиќ беше дел од групата Магазин, а потоа продолжи со соло кариера. Нејзините најпознати хитови “Da je slađe zaspati”, “Zovem te ja”, “Neka mi ne svane”, “Dobro je”, “Pleši sa mnom”, “Ovako ne mogu dalje”, “Brodolom” вечерва ќе одекнуваат во Струмица. Да се потсетиме на нејзините ...

Слаткар ќе рапува на Струмица ОПЕН Фест

Марко Маринковиќ или попознат како Слаткар, заедно со своите пријатели вечерва ќе настапи на големата ОПЕН Фест сцена. За Слаткар не треба многу да се зборува, тој е веќе добро познат за македонската публика. Сепак, да се потсетиме на неколку негови хитови: Приклучете се на настанот: SLATKARISTIKA LIVE @ Strumica Open Festival.

(ФОТО) Старата чаршија блесна во новогодишно светло

Започна новогодишното украсување на Струмица. Екипите на Линк Медија, кои втора година по ред се задолжени за украсувањето, започнаа од Старата струмичка чаршија. Дрвјата и канделабрите блеснаа во новогодишни бои. Поради украсувањето има мали застои во сообраќајот.

Селект Викенд Агенда

Се ближи крајот на оваа година а со тоа почнуваат и подготовките за највеселиот дел во годината. Селек овој викенд го започнува  со предновогодишните забави. Во петок забавата ја започнува со Звезди Бенд во Lounge Bar Select за потоа лудилото да продолжи во барот со добро познатиот бенд на струмичката публика Nexus Band, момците кои во повеќе наврати се покажаа како професионални музичари а тоа ...