(ВИДЕО) Погледнете го настапот на Тина Русева на „Славјански базар“

Младата струмичанка Тина Русева го освои второто место на еден од најпознатите фестивали во светот (види линк – Струмичанката Тина Русева го освои второто место на „Славјански базар“). Таа на фестивалот настапи со песните „Врати ми го сонцето“, која ја отпеа Александра Јанева на „Макфест“, и хитот на Џенифер Хадсон „Само една ноќ“ (One night only). Не се сомневаме дека Тина и во иднина ...

Слушнете ја „Еволуција на секојдневие“, првата рап песна на младиот струмичанец Дако Стојков

Даниел Стојков е роден на 9-ти фебруари 1999-та година, неговото уметничко име е Дако. Со љубов кон рап музиката полека го трасира својот пат, а неодамна излезе и неговата прва песна насловена како „Еволуција на секојдневие“. За инструменталниот дел се погрижи Боро Би, продукција: Владо ‘Yo.

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО СТРУМИЦА: Музика за Исидора

На 22.06.2016, четврток во 21:00 часот во амфитеатарот на Струмица и на 24.06.2016, петок во 20:00 часот во концертната сала на Факултет за музичка уметност во Скопје, ќе се оддржат два хуманитарни концерти со наслов “Музика за Исидора“. Концертите се потпомогнати од Факултетот за музичка уметност, Општина Струмица и Младинскиот совет на Oпштина Струмица. На концертите ќе настапат студенти од вокално-инструменталните ...

Трет Јо-Јо фестивал на детски песни во Струмица

Третиот по ред Јо-Јо фестивал ќе се одржи во 20:00 часот во Домот на културата „Антон Панов“ По четиримесесчната аудиција, одбрани се вистински таленти, деца со право за учество на Јо-јо фестивалот. На фестивалот ќе може да се чујат 20 новокомпонирани песнички и ќе трае околу еден час. Повеќе слушнете од најавата на одржаната прес-конференција.

(ВИДЕО) „По патот на песната“ – нов проект на маестро Џорлев

Познатиот македонски музичар, виолинист, вокален изведувач, инструменталист, професор и директор на Танец – Ансамбл за народни игри и песни на Македонија. Синот на великанот на македонската народна песна Наско Џорлев, струмичанецот Зоран Џорлев. Човекот со богата кариера неодамна започна со снимање на неговиот нов проект „По патот на песната“.  Улица Македонија го најави вљубеникот ...

(ВИДЕО) „Време и невреме“ – нова песна на Роберт Вукелиќ

Еден од поомилените пејчи на македонската поп-сцена Роберт Вукелиќ, послем долга пауза од 9 години , денеска во етерот ја пушти неговата најнова песна насловена : „Време и Невреме “, за кој сними и преубав видеозапис. Музиката и Аранжманот се дело на Ристо Апостолов , а текстот е на Роберт Вукелиќ. Спотот е снимен во Скопје , во продукција на „ДЕОСОЛ ДООЕЛ “ режија и монтажа. – Песната ...

Горан Кукиќ во петтиот круг на „Никад није касно“

Со „Остала си увијек иста“ од Мишо Ковач,  Горан Куќуќ ја воодушеви публиката и жирито во натпреварувачкото шоу „Никад није касно“. Нада Павловиќ, Дејан Петровиќ, Неда Куњевиќ и Саша Милошевиќ – Маре беа восхитени и упатија најдобри комплименти кон струмичкиот пејач. Со тоа тој сигурно влегува кон финалето на ова шоу. Присутни беа и членовите на бендот „Јупитер“ кои беа безрезервна ...

Rick SF e единствен струмички рапер кој рапува на струмички дијалект

Rick SF e единствен струмички рапер кој рапува на струмички дијалект. Позади себе има неколку демо песни и две официјално издадени на каналот на јутјуб. За продукцијата се има погрижено лично сам и моментално работи на албум. Во продолжение слушнете ги песните на RICK SF.    

Калиопи ќе пее осма по ред

Вечерва е второто полуфинале на кое настапува македонската претставничка Калиопи со песната “Дона”, чии автори се таа и Ромео Грил. Калиопи, облечена во црно-бела креација на Розе Трајчевска ќе пее осма по ред на македонски јазик. Таа ќе се најде на иста сцена со три соседни земји: Србија, Албанија и Бугарија, а истата вечер пее и претставничката на Словенија. Распоредот на втората ...