НА ДЕНЕШЕН ДЕН ВО СТРУМИЦА Е РОДЕН ПРОФ. ХРИСТО СТАМБОЛИЕВ!

1920.- Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација научните истражувања во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умрел на 2 јули 1989 година.

Струмица е антички град, постар од 2500 години

По скоро една деценија, археолошките истражувања на Царевите Кули завршија. Главниот раководител, Зоран Рујак вели дека поголемиот дел од истражувањето на овој богат локалитет е завршен, но дека се останати и уште неколку делови, кои се оставени за идните генерации, нешто и тие да истражуваат. Имено, кога станува збор за остатоци од античкиот период, пронајдени се пет огромни јами, ...

Поделени два тони храна за сиромашните во Струмица

Организацијата Банка за храна во соработка со општина Струмица и партнер здружението Организација на жени доделија два тона храна на социјално загрозените семејства во Струмица. Од Банката за храна велат дека од идната година планираат воведување системско решение за оваа акција. – Традиционално во овој период делиме пакети за социјално загрозените семејства. Малку да им компензираме ...

ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ИМА ВО СТРУМИЦА!

Според евиденцијата на Агенцијата за вработување невработени се 96.728 лица. Според полот меѓу невработените повеќе се мажи 51.179, а 39.549 се жени. Најмногу невработени лица има во Скопје и Тетово, 15.097, односно 14.841 лица. Потоа следуваат Прилеп со 6.794, Гостивар 5.733, Битола со 5.025, Охрид 3.150, Велес 3.137, Кичево 3.093, Крива Паланка 2.779, Струмица 2.762, Струга 2.721, Штип со 1.911, кавадарци 1.822, Ресен 1.346, Дебар ...

И дијаспора дојдена на референдум против рудник во Ново Село

Референдумот во општина Ново Село на кој што граѓаните треба да кажат дали се согласуваат со работата на рудникот во Иловица во моментов тече задоволнително, а излезноста досега е далеку поохрабрувачка од онаа во Босилово, информираат активистите од иницијатива „Здрава Котлина“. На социјалните мрежи иницијаторите на референдумот се пофалија дека во Ново Село дошле и припадници ...

Д-р Александар Митов промовираше своја веб платформа – сите медицински совети на едно место

Д-р Митов е доста познат на струмичката публика, но и пошироко. Досега тој медицинските совети освен на телевизиски интервјуа ги споделуваше и на неговиот приватен фејсбук профил. Отсега па натаму тој за оваа намена има веб платформа, но и фан страна која може да ја надете на социјалната мрежа Фесбук и да ги следите сите негови објави. Д-р Александар Митов е  струмичанец, магистер по ...

Струмичкиот регион – потенцијално жариште на хеморагична треска

Во Македонија има повеќе ендемични подрачја во кои може да се појави хеморагична треска. Тоа значи дека болеста тлее и може да се активира. Токму поради тоа на жителите им се препорачува зголемено внимание и хигиена, особено на места каде што може да се појават глодачи или има повеќе инсекти (крлежи, комарци…) што се преносители на дел од заразите. Пред десетина дена хеморагична треска ...

Орце Коцев од Муртино освои милионер Џек Пот вреден 1.575.060

52 Милионер на Државна Видео Лотарија е Орце Коцев од струмичко Муртино. Тој на видео лотариските терминали од Државна Видео Лотарија, во Спорт Лаиф Трејд  на 16 јули, освои фантастични 1.575.060 денари. Во присуство на членовите на семејството Коцев, тимот на Државна Видео Лотарија му го додели МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чекот  кој гласи на добитниот износ од 1.575.060 денари.  Орце кој е уште под импресии ...

ВИДЕО: Бегалска приказна со среќен крај

Уште една приказна со среќен крај од ТЦ „Винојуг“  Гевгелија.  По 16 месечна правна голгота, сириецот Нури Штаат од денес ќе биде заедно со неговото семејство во Германија. За привремениот престој и за неговата животна приказна, во продолжение во прилогот на регионалната телевизија Телеканал А1. 

Падна милионер ЏЕК ПОТ во Sport Life Муртино

Вчера беше  дефинитивно среќен ден за жител на Муртино, бидејќи му се падна Милионер Џекпот ваучерот од 1629424.00 МКД. Во обложувалницата на Sport Life во Муртино вчера попладнето се падна оваа висока парична награда и усреќи уште еден жител од регионот. Претходно џек пот се падна двапати во Босилово. Му честитаме на добитникот ! Добитник Босилово 1  Добитник Босилово 2