ПРОЛЕТЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ,,ОГРАЖДЕН’’ 2017

П О К А Н А Планинарско Алпинистичкиот Ориентационен Клуб “ЕНТУЗИЈАСТ” – Струмица на ден 10.06 – 11.06.2017 (Сабота-Недела) го организира традиционалниот пролетен марш “Огражден 2017” на падините на планината Огражден и Ве покануваме на истиот со следната маршута: Сабота 10.06.2017 год. Собир и тргнување 09 часот Стар Сувилак-Пилана, преку Безгаштево до Петлец- Малишевските планини ...

„Среќометар“ на Сузана Турунџиева во Струмица

Драги Струмичани, повелете на промоција на СРЕЌОМЕТАР – најновата книга од творештвото на Сузана Турунџиева. На настанот можете да си ги набавите и сите претходни 8 издадени книги на авторката – по промотивна цена! Влез слободен – присуство пожелно!

ЏЕКИ ШЕПАРД И КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ ПОЧЕСНИ ЛАУРЕАТИ НА „АСТЕР ФЕСТ“ – 2017

Специјални лауреати на годинашниот “Астерфест” кој ќе се одржи од 26 до 30 јуни во Струмица се продуцентката Џеки Шепард (1962, Велика Британија), добитничка на Наградата Астер за високи достигнувања во филмската продукција, и актерот, режисер и сценарист Коле Ангеловски (1943, Македонија), добитник на Специјалното признание на Тивериополската филмска алијанса за високи достигнувања ...

Реализирана обука за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата со примена на индикатори

Во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка на општина Струмица преку Општинскиот совет за БСП, за претставници од општините кои се во надлежност на регионот на МВР-СВР Струмица, во просториите на Домот на АРМ, се одржа обука за примена на индикаторите за следење на состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Според презентираните ...

„За заедничка Македонија“ Струмица – Бараме предвремени парламентарни избори!

Граѓаните на Струмица дел од иницијатива „За заедничка Македонија“ ги повторија трите барања, за предвремени парламентарни избори, попис и отфрлање на тиранската платформа од протестот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“. – Денес ние можеме да говориме за предавства на интелектуалците, а ова го насети и Ѓорги Пулевски, ѕидарот од Галичник, пред 200 столетија. Тој беше првиот што ...

Сузана Турунџиева поради смртта на Зоран Маџиров ја откажа промоцијата во Струмица

СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА: Почитувани Струмичани! За утре беше планирано среќата да допатува и во вашиот град. Но наместо среќа, утре е еден од најтажните денови за вас, и за многумина почитувачи на големиот музичар Зоран Маџиров. Светот изгуби безвременски уметник, човек и виртуоз! Нека му е вечна слава и му благодариме што имавме среќа да бидеме негови современици.. Промоцијата на СРЕЌОМЕТАР ...

Струмичани, не пропуштајте: Рајан Галер и Ребека Ларкин со поетско-сценски перформанси

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ ќе биде домаќин на неколку перформативни сценски настапи на Рајан Галер (USA) и Ребека Ларкин (UK) во Македонија – Скопје, Струмица и Гевгелија. Планираните поетско-сценски перформанси се закажани да се реализираат на: •    10 мај 2017 година (среда) во 20:00 часот во Магор Book Coffee – Скопје, •    11 мај 2017 ...

Изложбата „Цвеќе“ во Струмица

Во Домот на АРМ во Струмица денеска беше отворена изложба на тема „Цвеќе“ во организација на Домот за деца и млади „Благоја Јанков Мучето“. Станува збор за изложба која првпат се организира како најава за истоимената манифестација која ќе почне овој месец. – Секој мај нашата институција организира триделна манифестација „Цвеќе“ со ликовен конкурс, цртање на асфалт или хамер ...

Култ-транзен почна со реализација на проектот „Креативна Струмица“ поддржан од општина Струмица

Здружението за култура и развој на креативни индустрии Култ-Транзен ја реализираше првата активност од проектот „Креативна Струмица“ финансиран од програмата Г1 – трансфер до НВО. Во Домот на Арм во Струмица се одржа средба со писателот Владимир Јанковски од Скопје. Средбата и разговорите со Јанковски беа поделени во два дела, во првиот авторот го претстави својот последен роман ...

Се одржа сообраќајно – воспитната манифестација „Детски семафор“

Општина Струмица преку Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, традиционално учествува во организацијата и спроведувањето на сообраќајно – воспитната манифестација „Детски семафор“. Викендот, во основното општинско училиште „Видое Подгорец“ се одржа годинашното издание на натпреварот на кој учествуваа 60 ученици од неколку основни општински училишта. Во ...