Земјоделците од струмичко и радовишко со нови агротехнички мерки ќе ја намалуваат примената на хемикалии

Земјоделците од струмичко радовишкиот регион преку нови мерки и методи ќе ја намалуваат примената на агрохемикалии во водата за наводнување и ќе го подобруваат нивното производство. Новите методи ќе бидат применети  во рамки на проектот за управување со сливот на река Струмица финансиран  од Швајцарската агенција за развој и соработка која  го објави вториот повик за доделување ...

ЗДРАВА КОТЛИНА: Почна попладневното забележително размрдување на гласачите во речиси сите населени места во општина Ново Село

ЗДРАВА КОТЛИНА:  Почна попладневното забележително размрдување на гласачите во речиси сите населени места во општина Ново Село. Бројот на излезени гласачи до 15:00 е значително над оној во истото време во Босилово и се зголемува. Оптимисти сме.

Во Босилово денеска референдум за рудникот Иловица

Во Босилово денеска се одржува рефендум на кој граѓаните треба да се изјаснат дали се за отворање на рудник за бакар и злато Иловица. На референдумското гласачко ливче поставени се две прашања – дали сте „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали сте „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда. За референдумот да биде ...

Започна чистењето на атмосферските канали во Муртино

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ работна единица – Муртино, денеска, започна со чистење на атмосферските канали во ова населено место. Според информациите од Тоди Стојанов раководител на единицата, машински ќе се чистат сите атмосферски канали од влезот во селото па се до излезот, односно, до нивното слив во Моноспитовскиот канал, а во вкупна должина од 2.500 ...

Зголемување на нивото на реката Струмица кај Сушево

Повеќе од двојно зголемен во однос на просекот за август е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните хидролошки мерења на УХМР. Зголемувања на нивоата има и на Вардар кај Зајчев Рид, како и на Струмица кај Сушево, додека нивото на Пчиња кај Катлановска Бања е исто со августовскиот просек. Опаѓања се забележани на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај ...

За движење во шума без соодветна дозвола казна од 1.500 и 2.000 евра

Поради високите температури, а со тоа и зголемената опасност од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, што ќе важи до 15 август. Оваа согласност не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Македонски шуми“ и субјектите што управуваат ...

Се уништува тревата во поројот „Крушевска Република“

Како и секоја претходна, така и оваа година, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ги чисти пороите во градот. По комплетното собирање на разновидниот отпад и детално чистење на поројот „Крушевска Република“, денеска, денеска се вршеше прскање на истиот со препарат против сите видови треви и корови. Целта на оваа традиционална активност е искоренување ...

Водостоите на реките под просекот за јули

Водостоите на реките во Македонија се под просекот за јули, покажува хидролошката состојба. Според УХМР, минимално зголемување е измерено на Пчиња кај Катлановска Бања и на Струмица кај Сушево.  

Од понеделник собирање потписи за иницијативата „Стоп за рудник Иловица“

Од понеделник ќе почне собирањето потиси за валидност на иницијативата за распишување референдум во општините Босилово и Ново Село, соопшти денеска граѓанската иницијатива „Спас за струмичката котлина – Стоп за рудникот Иловица“. – Испративме барање до Државната изборна комисија, која ни го одобри. Од 10 јули до 14 јули граѓаните на општините Босилово и Ново Село може да одат во ...