БЕЛАСИЦА ПОСИЛНА ЗА МИРЧЕВСКИ, ВАСИЛЕВ, ПАШОВСКИ

Засега три новитети на „Младост“. Голман, стопер и офанзивец

Тимот на Беласица официјално потпиша соработка со тројца играчи. Тоа се искусниот голман Горан Пашовски, потоа Александар Василев како и младиот Марин Мирчевски.
Првиот речиси и да ја заврши кариерата, но одлучи да се реактивира што се вели. Василев изминатата полусезона ја мина во Штип, односно во таборот на Брегалница додека пак младиот Мирчевски во изминатиот период беше дел од Победа Прилеп.
Останува да видиме кој до крајот на преодниот рк ќе го засили струмичкиот тим, со оглед на фактот што Беласица уште од сега прави прволигашки состав.

маркетинг


Select
Ознаки: ,