Атанас од Босилово е новиот Милионер ЏЕК ПОТ – уште не знае како ќе ги потроши парите!

На 13 мај Државна Видеолотарија го доби  43 МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник. Атанас Мишев во Спорт Лаф во село Босилово, освои добивка вредна 1.554.657 денари. Скромен, во присуство на пријатели и девојката, најновиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник, Атанас Мишев ни ја раскажа својата приказна. Ни откри дека често игра на видеолотариските терминали на ДВЛМ. Добивката не ја очекувал, иако ја посакувал. Досега има освоено неколку помали добивки. Во моментот кога сфатил дека тој е новиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добитник., многу се израдувал. На вредната добивка  од 1.554.657 денари, се радуваат и неговите пријатели, а посебно неговата девојка.

 

Атанас моментално нема детален план како ќе ги потроши парите. Но, ќе го направи. Потајно, посакува повторно да има ваква среќа и да освои уште еден МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ.Ова е третата по ред МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка во мај. Претходно беа освоени 1.504.961 денари во Спорт Лајф во Тетово и 1.370.837 денари во Моцарт во Карпош во Скопје.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,