Алфа: ОЈО молчи за сквернавењето на споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица

Телевизија Алфа објави сторија за како што вели сквернавето сквернавењето на споменикот на Благој Јанков Мучето во Струмица.

Според телевизијата, процесот на уништување на културното наследство и фалсификувањето на историјата е почнато неколку години пред Договорот.
Прв акт на фалсификувањето на македонската историја и вовед во точките од Договорот беше сквернавењето на споменикот на народниот херој Благој Јанков – Мучето во Стумица. Од спомен – плочата, со брусилица беше отстранета придавката „бугарски“ како опис за куршумот кој го убил херојот.
Нарачател на ваквиот акт бил токму Заев кој ја дал наредбата да се отстрани зборот во својство на градоначалник на Струмица. Тој ова самиот го призна во интервјуто за бугарската БТВ на 17-тти минатиот месец…
Како е донесена одлуката за промената на содржината не е јасно, но дозвола за тоа може да даде единствено Собранието на Република Македонија, авторот и фирмата која го изградила:
Член 16 од Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата
На изграден меморијален споменик или во негова непосредна околина не можат да се преземаат дејствија со кои може да се наруши интегритетот на меморијалниот споменик без согласност на Собранието на Република Македонија, на авторот и на правното лице од членот 8 став 2 алинеја 2 на овој закон… Со одлука, Собранието на Република Македонија го уредува начинот за давање согласност за вршење измени на подигнат меморијален споменик.
Доколку Заев како нарачател на промената не го известил Собранието, односно самостојно одлучил да ја промени содржината на споменикот – актот претставува сквернавење.
Сепак, од Основното Јавно Обвинителство не само што не ги процесираат ваквите дела, за кои законот предвидува казна затвор до 3 години, туку целосно ги игнорираат. Алфа уште во петокот побара одговор од обвинителството дали има покренато постапка против Заев за сквернавење споменици, но од таму се уште молчат.
Благоја Јанков Мучето на 14-тти јули бил предаден на бугарската фашистичка полиција, по што бил опколен и брутално убиен кога се обидел да го пробие обрачот. Потоа, бугарските фашисти му го влечеле телото по струмичките улици и одбивале да го предадат на семејството.

Повеќе на следниот ЛИНК

маркетинг


Select
Ознаки: