АБДУРАХИМИ И ШИШКОВСКИ ВО АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ!

Струмица подготвува сензационални трансфери. Бесарт Абдурахими и Дамјан Шишковски би можеле да потпишат за Академија Пандев

Бесарт Абдурахими и Дамјан Шишковски се блиску до потпис во Академија Пандев. Како што велат нашите информации од Струмица, напаѓачот на Шкендија и сега веќе екс голманот на Работнички, би можеле да се преселат во хитот на есенската полусезона и во клубот каде што газда е нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. За Абдурахими заинтересиран е и Шкупи, но големи се шансите Шкендија да го пушти на позајмица во Струмица. Додека Шишковски е со слободни документи и може да стави потпис без никакви проблеми.

маркетинг


Select
Ознаки: , ,