5 работи кои и` недостигаат на Струмица

Денешната современа Струмица значително се разликува од некогашната, но дури и денес, постојат нешта  кои животот на Струмичани би го направиле поинтересен. Издвојуваме неколку од многуте предлози на Струмичани:

Струмичко кино

maxresdefault

Гледањето филм во полна кино сала создава посебно чувство и многу се разликува од гледањето филмови пред компјутер или на телевизија дома. Би било добро доколку младите дел од своето време наместо во ноќни клубови го поминат гледајќи некој филм со интересна содржина прилагодена на нивната возраст. Истото важи и за пензионерите , барем за миг да се оттргнат од опсежните политички дискусии.

Зоолошка градина

Tropical Rainforest Building interior - Woodland Park Zoo - Seattle, Washington
Посетата на различните животински видови како дел од образованието на основците би ја разбудило нивната љубопитност, желбата за осознавање и би ја разбила монотоната класична настава во училниците.

Поголем број студиски програми

varma-alpacka-strumpor

Ова би претставувало голема олеснителна околност за семејствата на сите струмички студенти. На веќе постоечките дисперзни студии во Струмица стручно се оспособуваат студентите од Факултетот за образовни науки, Земјоделскиот, Правниот и Економскиот факултет. Добро би дошле и студиите од полето на медицината, филологијата, природните науки и слично.

Продавници од познати брендови

%d0%b6%d0%b5%d0%b3%d0%b0

Victoria’s secret за девојките, McDonald’s за гладните и многу многу други светски познати брендови.

Музеј со восочни фигури од истакнати Струмичани

77c33744d552dfc5201df9642a667175

Горан Пандев, Борис Трајковски, Гоце Арнаудов, Влатко Илиевски, Трајче Ѓорѓиев, Перо Христов, Борис Вета Бурчо, Никола Маџиров, Игор Маџиров, Петте струмички студенти, Герас Цунев, Благој Мучето, Ване Стојанов, Благој Истатов, Ванчо Таковски и многу многу други.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , ,