400 илјади евра за обнова на градинката во Ново Село

430679-400-iljadi-evra-za-obnova-na-gradinkata-vo-novo-selo

Градинката ,,Сонце,, во општина Ново Село ќе биде целосно реконструирана во рамки на проектот ,,Енергетска ефикасност во насока за постигнување подобра животна средина во градинките,, кој се реализира како дела од програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Целиот проект чини 400 илјади евра, односно по половина на секоја од двете партнерски општини, Ново Село од македонска и Сандански од бугарска страна.

Реконструкцијата ќе започне најдоцна до крајот на оваа година и ќе трае 12 месеци при што е предвидено подобрување на изолацијата преку поставување нова термо фасада, отстранување на азбестниот покрив и замена со нов лимен со изолација, нови прозорци и врати, подобрени систеи за водовод и канализација, инсталирање на соларни колектори за производство на топла вода и замена на постоечкото со ново енергетски ефикасно осветлување.

“Градинката ќе добие и комплетно ново внатрешно уредување со целосно нов мебел. Внатрешното уредување ќе биде направено во соработка со министерството за труд и социјална политика кои после реконструкцијата на објектот истиот внатрешно ќе го опремат со нови креветчиња, нови ормарчиња и целиот потребен инвентар за нормално функционирање на самиот објект и попријатен престој на децата.,, вели Блажо Велков – градоначалник на општина Ново Село.

Градинката ,, Сонце,, засега е единствената градинка во општина Ново Село и има капацитет за 100 деца. До пред две години истата работеше како клон на градинката во Струмица.

Објектот е изграден во 1974 година и од тогаш па до денес според информациите на градоначалникот Велков не биле превземени никакви градежни зафати и реконструкции. Тој вели дека со новиот проект објектот ќе добие комплетно нов лик и значително подобри услови за најмладите жители на општината.

ИЗВОР : СТАРТ.МК

маркетинг


Select