(ФОТОГАЛЕРИЈА) „ASTERI COOKIES“: Безвременската единствена чоколадна бајка од Струмица

Во студените зимски денови, поминете наспроти малиот градски парк , застанете пред излогот наAsteri Cookies  и дозволете да бидете маѓепсани. Аромите на ванила, какао и карамела го привлекуваат секој кој поминува одовде и никој не останува рамнодушен. Станува збор за префинета чоколадарница, единствена од ваков тип во Струмица, со љубезен персонал кој нуди разни производи од богатата палета на слатките задоволства. Чоколадните десерти, глазури, торти и закуски испреплетени со елегантниот амбиент и уникатните декорации прават еден вид чоколадно волшебство.

Безвременскиот вкус на нивните чоколадни продукти дефинитивно не се заборава…Тие предизвикуваат една чоколадна ерупција од најразлични пријатни вкусови и мириси, која ќе ве тера одново и одново да се заљубите во слатката бајка на „ASTERI COOKIES“.

Наредниот пат кога сте под стрес, не седете дома. Облечете се и правец кон „Asteri Cookies“. Изборот ќе ви биде тежок, бидејќи се’ е прекрасно. Тимот на чоколадарницата е тука да ги прифати и вашите нарачки за прослави, родендени и изненадувања. Повелете, Ве очекуваат!

Во продолжение погледнете ја целосната фотогалерија:

маркетинг


Select
Ознаки: , , ,