Започнува 54то издание на меѓународната Струмичка ликовна колонија

17 ликовни творци од земјата, но и од седум други европски држави ќе бидат дел  од 54 – то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија која важи за една од најстарите и најпрестижни колонии не само во Македонија туку и на Балканот.

Колонијата оваа година ќе трае 12 дена , а ќе започне со изложба на дела од повеќе автори од Макдонија и Чешка.

Според најавите на организаторите и годинава ликовните тврорци ќе  работат во повеќе техники односно сликарство,  вајарство, графика, а по 26 ти пат активно ќе биде и студиото за мозаик.

За време на следните две недели се очекува да бидат создадени околу шеесетина нови дела  кои треба да ја збогатат големата  збирка на уметничката галерија во Струмица која веќе брои околу 2500 различни дела  создадени во изминатите 53 години.

маркетинг


Select