(ФОТОРЕПОТРАЖА) СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица ја дигнаа цела Врњачка бања на нозе!

Изминатиов викенд екипата на Струмица Денес го помина во Врњачка бања заедно со учениците и професорите од СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица. Причината за посетата на ова уникатно српско гратче беше учеството на познатиот карневал, на кој, беше поканета и карневалската група на струмичкото средно училиште. За време на престојот, учениците имаа доволно време да уживаат во убавината и знаменостите на градот, да направат по некоја слика, да посетат кино и повеќе ресторани, а присуствуваа и на концертите на познати српски изведувачи на големиот градски плоштад.

И покрај подготовките, грижата за учениците и напорното работење за се да излезе онака како што е замислено, и професорите најдоа време за релаксација и кратка прошетка низ градот.

Се разбира, ниту еден настап не може да се реализира без претходна проба. Учениците и професорите со здружени сили се потсетија на кореографијата, одредени чекори се вежбаа повеќе пати, се со една цел – да се постигне совршена усогласеност и ритмичност и да се покаже кој е најдобриот!

  

Како што налага традицијата, двајца претставници од маската го посетија градоначалникот на градот и останатите претставници од Општината, каде накратко ја објаснија рачно изработената маска и нејзиното значење, а за возврат на тоа добија само пофални зборови за креативноста!

Карневалот во Врњачка бања е малку поразличен од нашиот. Учесниците настапуваат на две сцени, пред две различни публики. Додека облаците и чадорчињата минуваа со поворката низ посетителите, не само што мамеа воздишки, туку беа и застанувани за фотографирање, за краток разговор,  за ракување со помалите деца, а се разбира, бидејќи всушност тие ја претставуваа Струмица, чести беа прашањата и што има ново во нашиот град. Настапите поминаа одлично, освен нашиот фотоапарат, блескаа блицовите на безброј други апарати кои беа максимално навлезени во  уметнички креираната приказна за громовите и дождот. Совршено одбраната музика и поставеноста на сцената, беа клучните работи кои придонеа да се создаде една илузија на вистинска бајка. Но, на големо изненадување и на настапувачите, и на публиката, веднаш по завршувањето на настапот на главната бина, навистина почна да врне дожд!  На шега, водителката на карневалот рече дека струмичани го предизвикале времето!

 

Целата карневалската екипа на СОУ „Димитар Влахов“ несомнено си оди дома со бесценети спомени и нови склучени пријателства , и токму затоа, овој престој во Врњачка бања ќе го помнат како прекрасен. А она што е прекрасно, се овековечува. Во продолжение, погледнете ги и останатите слики и целосната фотогалерија:

         

 

 

   

ФОТО: ЈАНЕ КИРОВ

ТЕКСТ: ЈАНЕ КИРОВ 

 

 

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,