(ФОТОГАЛЕРИЈА+ИНТЕРВЈУ) КЛАСИК БЈУТИ ОД СТРУМИЦА НАЈУСПЕШЕН БРЕНД НА ЈУГОИСТОКОТ!

За улогата на пердињата во домот има многу да се зборува. Освен тоа што се украс на прозорците, тие се украс на нашиот живот. На некој начин завесите го откриваат стилот и карактерот на секоја домакинка. Тие умеат и да ни ја чуваат тајноста, да произведат топлина во нашите домови, да не бодрат, да не восхитуваат, воглавно умеат да создадат топла и весела атмосфера. Со една реченица, пердињата го преобразуваат домот како и животот на оние што живеат во него. Кога се одбираат пердињата, се одбираат спрема стилот на ентериерот во просторијата. Во секој случај треба да се внимава материјалот да биде квалитетен и да и даде пријатна елеганција на просторијата. Еве неколку совети од најуспешниот бренд на југоистокот – Класик Бјути како да ги изберете пердињата и драперите кои ќе одговараат со ентериерот во вашата просторија:

СТРУМИЦА ДЕНЕС: ШТО Е НАЈАКТУЕЛНО ВО МОМЕНТОВ?

КЛАСИК БЈУТИ: Најактуелно во последните три години кај нас е колекцијата „ACO home collection“ , која е работена во светски стандарди и со италијански дизајн. Колекцијата е наменета за пазарот во Италија и Шпанија, но за наша среќа и за среќа на обожавателите на убави и квалитетни пердиња успеавме да ги донесеме и на нашиот пазар. Веќе уредивме повеќе домови со пердиња и драпери од колекцијата на „АСО Textile“ , и навистина се случија големи пресврти во однос на изгледот на просториите пред и потоа.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: ОД КОИ БРЕНДОВИ НУДИТЕ ПРОИЗВОДИ?

КЛАСИК БЈУТИ: Во текот на 2013 година компанијата го истражувала пазарот на Балканот, и одлучила да започне со пазарот во Македонија. Но, тие како компанија имаат свои барања, така што фирмата која ги нуди нивните производи мора да исполнува одредени критериуми спрема купувачите. Истражувањата покажале дека во југоисточниот регион единствено КЛАСИК БЈУТИ ги исполнува сите критериуми, и е коректна фирма во која би сакале да го вклопат својот бренд. Така, производите на ACO Textile“ веќе во 2014 година пристигнаа кај нас. Деновиве по повод 3 годишна соработка на ACO Textile и КЛАСИК БЈУТИ се одржа мал хепенинг на кој беше презентирана и најновата колекција CELINE by ACO Textile.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: КОИ СЕ ВАШИТЕ СОВЕТИ ОКОЛУ УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ?

 КЛАСИК БЈУТИ: Во секое време сме расположени да ги дадеме потребните совети и сугестии околу уредувањето на домовите во делот со пердиња и драпери. Некогаш лугето брзајки да се среди домот што побрзо, без да размислат подлабоко како би испаднала крајната слика, естетски, а истовремено и практично, без да се советуваат со стручно лице, се случува да купат или направат нешто што подоцна ке сватат дека згрешиле. Затоа, кога клиентите кај нас нарачуваат корнизи, пердиња, или било кој тип на внатрешни ролетни, пред се ние се нудиме како дизајнери да го посетиме нивниот дом, да ја погледнеме ситуацијата и стилот во домот, па потоа даваме предлози и совети што најдобро би одговарало за во нивните простории. На крај, се разбира, со заеднички договор одлучуваме што е најубаво да се изработи и монтира.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: КОЛКУ Е ВАЖЕН ВПЕЧАТОКОТ НА ВАШИТЕ КЛИЕНТИ ЗА ВАС КАКО ДИЗАЈНЕР?

 КЛАСИК БЈУТИ: За мене како дизајнер а истовремено и продавач, најбитен е впечатокот на клиентот. Не се опишува чувството кога после завршената работа домакините гледаат воодушевено со впиен поглед во убавината на уредените прозори, и изустуваат „Прекрасно е!“ или „ Ние очекувавме дека ке биде убаво, но не до толку…Преубаво испадна се…!“ После завршената работа не сум комплетна доколку не се искаже задоволството од страна на клиентите. Затоа во секоја работа имам стратегија, морам да го предизвикам задоволството кај клиентите. Со тоа што ке го сработам за нив треба прво јас да сум задоволна од тоа што ке испадне, а потоа да ја очекувам вистинската реакција од нив.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: И КАКО ЗА КРАЈ КОЛКУ ВРЕМЕ ВЕЌЕ РАБОТИТЕ КАКО ДИЗАЈНЕР И СО КОЈА ЦЕЛ?

КЛАСИК БЈУТИ: Со оваа работа, како сопственик на своја фирма работам неполни 20 години, со претходни 3 години искуство во друга фирма. Во Изминативе 23 години се сретнав со најразлични ситуации и причини кои ме доведоа до нови искуства и нови надоградувања. И сеуште после секој работен ден во оваа дејност, можам да кажам дека секој нов ден ми носи нови сознанија и нови искуства. Целта на моето постоење како дизајнер, или мајстор на својот занает е постојано надоградување со искуства и вештини, а Класик Бјути како популарен бренд секогаш да биде на прво место.

маркетинг


Select
Ознаки: , , , , , ,